Млада мајка мета на критики: „Ќерка ми има 8 месеци и е модел – веќе заработи 4.000 долари“

Мајка од САД вели дека ќерка ѝ го добила првиот ангажман на само пет месеци и дека веќе има многу понуди за работа. Но, истакнува дека не планира да „ѝ го украде детството“ и да ја тера да стане модел, иако веќе добива критики.

kjerka-mi-ima-8-meseci-i-e-model-vekje-zaraboti-4-000-dolari-01.jpg

Јавноста има поделено мислење кога станува збор за децата кои „работат“ како модели уште пред да наполнат една година.

Од една страна, некои мислат дека родителите ги искористуваат нивните деца за слава и пари, но од друга, постојат и оние кои мислат дека на овој начин родителите (барем донекаде) им обезбедуваат сигурна иднина.

Сара Луцкер од САД е мајка на 8-месечно девојче и вели дека ќерка ѝ е модел и веќе има заработено над 4.000 долари.

kjerka-mi-ima-8-meseci-i-e-model-vekje-zaraboti-4-000-dolari-06.jpg

Сара не е инфлуенсерка и нејзините профили на ТикТок и Инстаграм се приватни, а вели дека ќерка ѝ снима кампањи само за американски брендови.

Ќерка ѝ Моли Џил го добила првиот ангажман на 5-месечна возраст и досега била дел од кампањи за Walmart и Costco – најпопуларните ланци супермаркети во САД.

Моли била родена во јули 2023-та, а нејзината 27-годишна мајка најпрво испратила нејзини фотки на агенција за деца модели.

kjerka-mi-ima-8-meseci-i-e-model-vekje-zaraboti-4-000-dolari-03.jpg

На 5-месечна возраст ѝ направила фотосесија за апликацијата Babylist каде што родителите кои објавуваат фотки од нивните деца можат да добијат подароци за бебиња.

Освен кампањите за супермаркетите, Моли позирала за уште неколку познати американски брендови.

„Многу бев исплашена за нејзината прва фотосесија. Не знаев што се случува бидејќи никогаш не сум направила нешто слично“, вели мајка ѝ.

kjerka-mi-ima-8-meseci-i-e-model-vekje-zaraboti-4-000-dolari-02.jpg

„Уште откако се роди, велев дека ова е свет на Моли, а ние само живееме во него. Таа е најдобра“.

Сара вели дека ја добила идејата за „професијата“ на Моли од нејзина пријателка.

„Имам пријателка и двете нејзини ќерки се модели. Па, ја прашав дали агенциите за модели се заинтересирани за бебиња.

А, на сетот, сите беа многу добри. Имаа и личност која беше задолжена да ги забавува бебињата“.

kjerka-mi-ima-8-meseci-i-e-model-vekje-zaraboti-4-000-dolari-04.jpg

Иако Моли почнала да добива многу понуди за работа, мајка ѝ вели дека не планира „да ѝ го украде детството и да ја тера да стане модел“.

Имено, ќе ѝ дозволи на ќерка ѝ таа да одлучи што да прави, а парите што ги заработува сега ги ставала на посебна сметка за неа.

„Агенцијата зема 20% од заработката, а останатите пари се за Моли. Јас и сопругот ги немаме допрено“.

kjerka-mi-ima-8-meseci-i-e-model-vekje-zaraboti-4-000-dolari-05.jpg

Сепак, иако можеби Сара има најдобри намери за ќерка ѝ, на медиумите каде што се споделува нејзината приказна има бројни критики:

„Велиш ’Ќерка ми заработи 4.000 долари‘. Мислам дека треба да кажеш ’Ќерка ми заработи за мене‘“.

„Не треба да заработуваме на грбот на нашите деца“.

„Можеби треба да прочиташ нешто за родителите на Брук Шилдс или Бритни Спирс“.

„Изгледа како да си ја продаваш ќерката“.

„Зарем не е ова нелегално, да го тераш детето да заработува за тебе?“

Што мислите вие – дали е во ред децата уште од најрана возраст да работат како модели?

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
Брачен пар, кој не сака деца пред да го прошета светот, е мета на осуда: „Прво сакаме да уживаме во ... „Сакаме деца еден ден, но прво сакаме да уживаме во слободата. Не попуштаме под ...
Момче (10) се ожени со својата детска љубов, 12 дена пред таа да почине од леукемија „Повеќето деца сакаат да одат во Дизниленд, но таа отсекогаш сакаше да биде сопр...
„Ангелот на смртта“ - Жена од САД отворила клиника за гладни деца во Уганда, ги лекувала без лиценца... Тврдејќи дека била испратена на мисија од Бог, Американката Рене отворила клиник...
„Ја мрази мојата работа, но и мене зошто си ја сакам работата“ – Канадскиот премиер за сопругата од ... „Постојат мигови кога таа ја мрази мојата работа и ме мрази мене што си ја сакам...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg