Светскиот Трговски Центар - 7 години подоцна

Поминаа скоро седум години, а обновата на Светскиот Трговски Центар е сеуште 25 метри под нивото на улиците, иако градежните работи...

 

...се одвиваат по 20 часа на ден.

Двата крана кои доминираат на овој градежен простор се поставени за да ја изградат челичната конструкција на првата (главна) кула од новиот Светски Трговски Центар т.н. Freedom Tower.

Била изградена посебна улица која го поврзува градот со градилиштето по која поминуваат и изнесуваат одпад и до 100 камиони од по 36 тони на ден.

wtc_new

После скоро две години секојдневно расчистување, отстранети се повеќе од половина милион тони земја, камења и рушевени, а чекаат уште илјадници.

Архитектонскиот заштитен знак на Њујорк Сити, Кулата на Слободата (Freedom Tower) ќе се биде висока околу 540 метри со што ќе ја добие титулата највисоката зграда во Америка.

wtc_old

Ќе се простира на околу 800.000 квадратни метри во кои ќе се содржи деловен простор, платворма за панорамско разгледување, ресторани итн. Отворањето е планирано за 2011 - со цел да се одбележи десет годишнината од терористичкиот напад кој го уништи оригиналниот Светски Трговски Центар.

Би можело да ве интересира:

Гинеколог искористил своја спрема за асистирано оплодување – мајката и детето дознале по 34 години Гинеколог од САД искористил своја спрема за асистирано оплодување на жена која ј...
Жена му упадна на пар среде запросување на плажа - им го уништи моментот (видео) „Слатки сте. Убаво си наместил. Тортата е убава. Може да го видам прстенот? Уште...
ZARA обвинета дека се потсмева на загинатите цивили во Газа поради рекламни фотки со искршени статуи На нова рекламна кампања од ZARA, модели позираат во просторија со искршени стат...
„Постојано летам со нискобуџетни авиокомпании - Кои 5 'почетнички' грешки луѓето најчесто ги прават ... Се обидуваат да ’протнат‘ потежок багаж од дозволеното, па доплаќаат на самото м...
Најпопуларните имиња во земјите низ светот за изминатата година Марија е најпопуларното женско име, додека Мохамед е најпопуларното машко. Кои с...
Со ролшуи и без маица – Како изгледаше спектакуларниот настап на Ашер на Super Bowl 2024? Погледнете го спектакуларниот 13-минутен настап на Ашер на Super Bowl 2024 што г...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg