Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Бариста 07-05-2024


Кога ќе нарачате фустан за матура од сомнителна интернет страна...

17-годишната Џулиет Џејкоби од средното училиште „Douglas County High School“ во Колорадо, се вљубила во црвен долг фустан кој посакала да го носи за нејзината матура.

koga-kje-naracate-fustan-za-matura-od-somnitelna-internet-strana-01.jpg

Според нејзината мајка $149 долари биле преголема сума на пари за еден фустан, па решиле да нарачаат евтина верзија од RoseGal.com за само $35 долари (моменталната цена на фустанот е намалена на $23.51 долари и е означен како распродаден).

Од интернет страната добила информации дека фустанот ќе го добие во рокот од 5 до 7 работни денови, но наместо тоа доцнел две недели. Практично пристигнал една недела пред нејзината матура.

„Кога го отворив пакетот, воздивнав, а потоа прилично се шокирав од тоа колку беше грдо „чудото“ кое беше во пакетот наместо мојот фустан од соништата. Малку пцуев и се чудев како не изгледа воопшто како на фотографиите кои беа ставени на интернет страната“ - објаснува Џејкоби.

Очекувала гламурозен фустан, а наместо тоа добила светкав, евтин фустан кој воопшто не личел на фотографиите кои биле на интернет страната.

По мало охрабрување од нејзината најдобра пријателка, решила фотографиите од фустанот кој го добила да ги објави на својот Твитер профил.

„Го облеков фустанот, но не можев да го закопчам, бидејќи патентот беше искршен. Чекав пред влезната врата да се врати мајка ми од работа и да проверам какви ќе бидат нејзините реакции. Прво беше шокирана, а потоа почна силно да се смее“ - додава тинејџерката.

За среќа, била подготвена на можноста дека нема да го добие тоа што мислела дека ќе го нарача од сомнителна страна, па истовремено направила уште една нарачка за поскап фустан.

„Ја научив мојата лекција и веројатно никогаш повеќе нема да помислам да нарачам фустан,онлајн, од сомнителна интернет страна“ - заклучува Џејкоби.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Поминав 8.000km за љубовен состанок, но заврши катастрофално“ Англичанката Кејла Касл буквално го сфатила тоа дека „само небото е граница“, па...
Доктор од Индија е хит на Инстаграм со уникатниот начин на кој им става инјекции на децата Дали би посакале и кај нас да имаме ваков лекар? Овој Индиец стана славен на соц...
„Мислев дека сопругот ми носи појадок во кревет – тој ми ставал отров за да го убие бебето во мојот ... „Ми велеше: ‘Ајде испиј ја водата, морам да одам’“ – жена од САД ја раскажува хо...
Луѓето ја нарекуваат „зомби“ - Далија има направено 43 операции за да личи на Барби и не планира да ... Далијa Наим сонува да личи на барбика, но засега добива само критики за изгледот...
Дарувал крв 1.100 пати, со што спасил над 2 милиони бебиња: Кој е Џејмс Харисон, познат како „човеко... Џејмс Харисон е познат како „човекот со златна рака“. Тој е крводарител кој има ...
Бизарно: Девојка си направи погреб за роденден – лежи во ковчег, пријателите ја оплакуваат „Поминав низ многу промени оваа година, па сакав да го закопам моето минато. Пре...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg