Како живеат вистинските принцези на 21-от век?

Тие не се хероини од познатите бајки на „Disney“, напротив тие се модерни девојки кои сакаат да изгледаат убаво, да се смеат и да ги прават сите нешта кои ги прават останатите девојки.

kako-ziveat-vistinskite-princezi-na-xxi-vek-001.jpg

Сепак, она што ги издвојува од светот е нивното благородничко потекло и титулата која ја добиваат уште од моментот на нивното доаѓање на овој свет.

Следните фотки ќе ви покажат како изгледа секојдневниот живот на овие модерни принцези на XXI век.

1. Принцезата Александра, Луксембург

Оваа млада девојка обожава спорт, одлично зборува 5 јазици, а има учествувано дури и на Вимблдон.

Kako-ziveat-vistinskite-princezi-na-XXI-vek-01

2. Лејди Амелија Виндзор, Обединето Кралство

Иако има само 20 години, многумина веќе ја сметаат за најубавата жена во Англија. Сепак, нејзините планови за во иднина се да стане новинар и учи напорно да го оствари тоа.

Kako-ziveat-vistinskite-princezi-na-XXI-vek-02

3. Принцезата Луиса-Мариа, Белгија

Иако е дури на 9-то место во линијата за наследство на тронот, нејзината убавина и благородничко потекло ја прават една од најпосакуваните невести на светот.

Kako-ziveat-vistinskite-princezi-na-XXI-vek-03

4. Принцезата Иман, Јордан

Иако начинот на одгледување и живот, ретко и дозволува да се појави во јавноста, со сигурност можеме да кажеме дека и оваа е една од најубавите принцези на 21-от век.

Kako-ziveat-vistinskite-princezi-na-XXI-vek-04

5. Шарлот, Принцезата од Монако

Внуката на познатата Грејс Кели, во моментов има 29 години и неверојатно потсетува на нејзината позната баба. Дипломирала новинарство на престижниот универзитет „Сорбона“, а работела и како новинар во престижниот лондонски магазин „Above“.

Kako-ziveat-vistinskite-princezi-na-XXI-vek-05

6. Принцезата Мако, Јапонија

24-годишната Мако Акишино успешно ги завршила студиите на Меѓународниот Христијански Универзитет во Токио, а своето образование го надополнила и во Австрија.

Kako-ziveat-vistinskite-princezi-na-XXI-vek-06

7. Принцезата Марија-Олимпија, Грција и Данска

Оваа убавица во моментов заедно со семејството живее во Англија, а нејзиниот начин на живот можеме да го видиме благодарение на нејзината голема активност на социјалните мрежи. Во моментов таа студира графички дизајн и историја на уметност во Њујорк, а работи и како практикант во модната куќа „Dior“.

Kako-ziveat-vistinskite-princezi-na-XXI-vek-07

8. Принцезата Габриела, Австрија

И покрај тоа што денес Австрија не претставува монархија, сепак благородничките титули и понатаму се доделуваат на кралските семејства. 22-годишната Габриела Марија Пилар Јоланда Џозефин Шарлот е најмладата ќерка во кралското семејство.

Kako-ziveat-vistinskite-princezi-na-XXI-vek-08

9. Принцезата Паулин, Монако

Покрај тоа што е принцеза таа се занимава со гимнастика и нуркање, па секоја година учевствува на Меѓународниот фестивал на циркуски уметности.

Kako-ziveat-vistinskite-princezi-na-XXI-vek-09

10. Принцезата Инфанта Леонор, Шпанија

Најмладата во оваа листа, 12-годишната Инфанта Леонор, го прави сето она што и останатите нејзини врснички низ светот. Сепак, заради нејзината титула таа е постојано под будното око на бројни телохранители, па на моменти ги нема сите привилегии кои ги имаат останатите девојчиња на нејзина возраст.

Kako-ziveat-vistinskite-princezi-na-XXI-vek-10

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„На 16 години бев бездомник, спиев на улица, сакав да си го одземам живот - сè се смени кога ме прим... Клои Помфрет пораснала во згрижувачки дом, а станала бездомник на 16 години. Спи...
„Ќе има кој да ме чува кога ќе остарам“: 70-годишна жена од Уганда роди близнаци 70-годишна жена од Уганда роди близнаци со што стана една од најстарите родилки ...
Вдовицата на Хефнер: „Од лошата хигиена во палатата добив болести, на Хју му беше здодеано од секс“ По 8 години живот во Плејбој палатата Кристал добила лајмска болест, а било утвр...
„По 8 спонтани абортуси конечно добив син – сопругот ја продаде колекцијата патики за да платиме ин-... „Не бев сигурна дека некогаш ќе добијам бебе, а сега го држам во раце“ – вели же...
„Бев сурогат мајка на неколку познати жени - има многу предизвици кои се кријат од јавноста“ „Морав да пополнам куп формулари. Поминав психолошка евалуација, правев прегледи...
Девојка се соочува со критики: „Се омажив за бебиситерот што ме чуваше кога имав 4 години“ „Ти беше најдобриот бебиситер во мојот живот. Среќна сум што големата разлика во...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg