Писмото на тинејџерот што се самоуби он-лине

Тинејџер извршил самоубиство на интернет додека 1500 луѓе го гледале. Абрахам К Бигс, 19 годишник се предозирал со дрога додека целиот процес...






...го пренесувал на видео стрим на веб стрната Justin.tv.

samoubistvo_Според полициски извештаи, некои од гледачите дури го охрабрувале да се самоубие мислејќи дека тоа било само закана.
Дури откако гледачите забележале дека тој лежел на неговиот кревет неколку саати недавајќи никакви занци на живот, повикале полиција.

На форумот каде што се пренесувало видеото тој дал точни детали за количеството на дрога што ќе го земел, а неговото проштално писмо можете да го проследите подолу.


Линк од неговиот профил на MySpace: http://www.myspace.com/forgettingthepastagain

Оригиналното проштално писмо
До оној, кој ова ќе го засегне,

Јас го оставам ова на било кој, што ќе налета на ова писмо. Се мразам себе си и мразам што сум жив.
Сметам дека ако некој што ме познава го чита ова, тие ќе знаат кој сум јас. Така ќе го оставам непотпишано ова писмо.

Јас ги изневерив сите, и се чувствувам дека никогаш нема да се сменам или пак да бидам подобар.


Заљубен сум во една девојка но знам дека не сум доволно добар за неа. Дојдов до заклучок дека мојот живот нема смисла. Постојано се трудев и неуспевав. Размислував за самоубиство веќе неколоку пати во минатото.

Единствено нешто што го ноев со себе покрај болката, е колку моето семејство ќе страда. Не сакам моите родители да мислат дека е нешто што тие направиле што ме доведе до идеата да се убијам. Искрено никогаш и немав некој план да оставам писмо. Мислев дека нема да можам да опишам зошто го правам ова.notes

Мојот татко имаше толку високи очекувања од мене и ми ја пружаше секоја можност каде што сметаше дека ќе биде некаква си надоградба. Го разочарав. Имам работа, но никогаш немам доволно пари, сум запишан на колеџ но ретко се појавувам и тоа е тоа.
Сакам мојот живот да заврши. Се уморив од тоа се да зае*увам. Се уморив од тоа да ми кажуваат луѓето дека не чинам. Се уморив од идеата да бидам подобар. Се надевам дека некој ќе го најде ова писмо и дека ќе им лаже на моите родители дека јас ја зае*ав работата, а не тие.


Моја вина е што си го зезнав животот. Омразата која живее во мене, не е насочена кон оние што ги сакав;насочена само кон мене и никој друг.
Одамна им простив на оние кои ме повредиле, но никако неможам да си простам себе си и оние кои јас ги повредив. Сите вие допринесовте во мојот живот на свој начин, особено сум благодарен на мојата фамилија. Не можам да ви објасанам колку ми е жал што го завршувам својот живот онака како што го завршувам.

Се надевам дека сите ќе најдете место во вашите срца каде што ќе разберете дека е ова начин како да ставам крај на моето страдање и дека конечно сум смирен и со себе и со омразата што ме прогонуваше цел мој живот.
Ве молам, простете ми што си го одземав животот толку млад. Побарав помош веќе неколку пати, и мислам дека бев одбиен заради работит

samoubiec

е кои ги имав направено, и тоа е казна која ја прифакам.

Ве сакам сите и секогаш ќе живеам во меморијата што заеднички ја создадовме.
Простете ми.

Ве сакам секогаш,
А како потпис, ве оставам со изрека така што ако некој го чита ова, ќе знаат дека е пишано од мене -

“Не чувствувате повеќе болка, ако сте мртви. Само споменувам.”


Стапката на самоубиства во Велика Британија се искачи на 17 интернет убиства од 2001 година до сега.

Би можело да ве интересира:

„Најдобриот шеф во светот“ им платил патување во Дизниленд во Токио на 1.200 вработени во знак на бл... Таканаречениот најдобар шеф во светот им платил патување во Дизниленд во Токио н...
Необична традиција во Англија: 1.300 луѓе се бањаат голи во море за да ја прослават есенската рамнод... Веќе 11 години по ред, во област во Англија локалците, но и туристи од други мес...
Волшебни фотки: Поларната светлина беше видлива и во Босна и Хрватска Поради зголемената активност на Сонцето, поларната светлина, односно аурора боре...
Морничави снимки од трагедијата во близина на Венеција - автобус излета од патот, загинаа 21 лице, в... „Слушнав силен звук, мислев дека е воз. Видов чад и слушнав како луѓе бараат пом...
„Ми ги отстранија двете гради поради рак - Гордо ги покажувам лузните за да им помогнам на другите ж... „Кога ми беше дијагностициран рак, се приклучив на Фејсбук група за млади жени с...
Имаат 600 слуги, јадат со златен прибор: Кој е најбогатиот пар во Индија? Најбогатиот маж во Индија има милијарди на сметка, на сопругата ѝ купува сѐ што ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg