Крај на светот во мај 2011?

kraj-na-svetot-vo-maj-2011-povekjeАко сте меѓу оние кои веруваат дека судниот ден ни се ближи, стигнуваат лоши вести. Откако е утврдено дека 21.12.2012 не е фаталниот датум група христијани од САД...

 

...објавија нова теорија. Односно – две теории.

Учесниците во проектот Caravan веќе 5 месеци живеат на улица. Луѓето кои се придружија кон овој проект веруваат дека крајот на светот нè очекува на 21 мај 2011 и тргнаа на долг пат за да го информираат остатокот од светот за ова.

Зад себе оставиле се – семејства, недвижности, пријатели и кариера и се одлучиле последните месеци од својот живот да ги поминат на улица.

Идејата на овој проект потекнува од христијанскиот могул Харолд Кампинг.

Според неговото учење, на 21 мај 2011 светот ќе го погоди земјотрес од кој целата Земја ќе се дрма, по што ќе се појави Исус и ќе поведе само одбрана група луѓе со себе на небото. Ова е само првиот дел од крајот на светот.

Имено, оние ретките кои ќе го преживеат земјотресот, наредните 153 дена, до конечниот крај на светот кој ќе биде на 21 ноември 2011, ќе ги поминат окружени со смрт и ужас, тврдат следбениците на овој проект и истакнуваат дека „Библијата го гарантира ова“.

На прашањето „Што ако се разбудат на 22 мај и ништо од ова не се случи“ не сакаат да одговорат затоа што тоа би значело дека се сомневаат во Библијата.

Кампинг и порано тврдеше дека крајот на светот ќе биде на 6 септември 1984 година, а својата грешка денес ја правда со некои грешни знаци кои го одвлекле од иницијалната пресметка дека 2011 ќе биде фаталната година.

Би можело да ве интересира:

Жена му упадна на пар среде запросување на плажа - им го уништи моментот (видео) „Слатки сте. Убаво си наместил. Тортата е убава. Може да го видам прстенот? Уште...
Морничаво видео: Исплашен патник снима откако Boeing авион почнал да паѓа надолу Од јануари, неколку Boeing авиони се соочија со инциденти вклучувајќи запален мо...
Девојка се соочи со критики откако призна: „Спиев со 300 мажи во една година, не знам зошто еден од ... „Во една година спиев со 300 мажи, тоа направи да се чувствувам посамоуверено“ –...
„Се сопнав од мачката и паднав, добив повреди како да сум преживеал сообраќајна несреќа – среќен сум... Пукнат череп, скршена вратна коска, пукнати пршлени и 9 скршени ребра... Ова се ...
Сладок пар од Јапонија кој го освои Инстаграм со љубовната приказна и усогласени модни комбинации Вљубени се еден во друг како првиот ден, а со своите модни комбинации го освоија...
Исповед на скијач кој 23 часа бил затрупан под лавина и преживеал: „Не сум верник, но таа вечер се м... „Знаев дека не смеам да се предадам. Дека не смеам да заспијам, затоа што тоа ќе...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg