ЕУ го рангира Huawei меѓу трите најдобри глобални иноватори

Huawei е на третото место на ранг листата за инвестиции во индустриско истражување и развој во 2020 година. Ова е скок од две места за Huawei во споредба со минатата година кога компанијата беше рангирана на 5-тото место на истата ранг листа во 2019 година.

eu-go-rangira-huawei-megju-trite-najdobri-globalni-inovatori01.jpg

„ЕУ потврдува дека Huawei сега е меѓу првите три иновативни глобални компании. За да се одржи европскиот начин на живот за своите идни генерации, Европа ќе треба да ги користи најдобрите технологии и иновации. Huawei е подготвен да соработува со Европа за заедничка светла иднина“, изјави Абрахам Лиу, главен претставник на Huawei во институциите на ЕУ.

Голем дел од глобалното истражување што го спроведува Huawei се одвива во Европа. Huawei го основаше својот прв истражувачки центар во Шведска во 2000 година. Денес, преку низа партнерства со над 150 европски универзитети, Huawei е длабоко вграден во истражувачкиот екосистем на ИКТ во Европа. Преку оваа заедничка истражувачка активност, Huawei ја прави Европа подготвена за дигиталното време.

Huawei смета дека меѓународната истражувачка соработка ја зајакнува конкурентноста на ЕУ и придонесува за ублажување на климатските промени, со што стратешки се поддржува Европскиот зелен договор.

Главната цел на ранг листата на инвестиции за индустриско истражувања и развој на ЕУ е да ги утврди резултатите на индустријата на ЕУ водена од иновации наспроти главните глобални конкуренти. Изданието на ранг листата во 2020 година анализира 2500 компании кои инвестирале најголеми суми во истражување и развој во светот во 2019 година.

Примерокот вклучува 421 компанија со седиште во ЕУ, што претставува 20,9% од вкупното истражување и развој во примерокот, 775 американски компании (38,5%), 309 јапонски компании (12,7%), 536 кинески (13,1%) и 459 од остатокот од светот (14,8%). Ова е десетта последователна година на зголемување во областа истражување и развој водени од инвестиции за истражување и развој во ИКТ, здравство и автомобилска индустрија. Компаниите со седиште во ЕУ значително ги зголемија инвестициите за истражување и развој (5,6%), но далеку под стапките на САД (10,8%) и кинеските компании (21%).

Би можело да ве интересира:

Брачен пар, кој не сака деца пред да го прошета светот, е мета на осуда: „Прво сакаме да уживаме во ... „Сакаме деца еден ден, но прво сакаме да уживаме во слободата. Не попуштаме под ...
Избрани најдобрите градови за живот во Европа - Скопје е при дното на листата На листата градови во кои е најдобро да се живее, прв е Цирих, а најлош, според ...
Листа на најбезбедните и најопасните држави во светот (Македонија е речиси на истата позиција како л... Исланд се смета за најбезбедна држава во светот, додека Македонија е на 38-то ме...
Беше само 1 година постара од зетот - Што знаеме за мајката на Меланија Трамп која почина на 78 годи... Мајката на Меланија Трамп почина на возраст од 78 години. Што знаеме за жената к...
Емотивно видео: Детенце го поканило Ед Ширан на 6-тиот роденден – Пејачот го изненади со подарок и с... Кога Ед Ширан дознал дека детенце сака тој да присуствува на неговиот 6-ти роден...
Бразилка (63) има посетено над 56 држави: „Внуците не треба да бидат причина да седиме затворени дом... 63-годишната Хосефа Феитоса решила дека нема да биде пензионерка која ќе се затв...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg