Прогласен најдобриот наставник за 2020 - наградата од 1 милион долари ќе ја подели со другите финалисти

Шеста година по ред се одржа натпреварот за најдобар наставник во светот - Global Teacher Prize - и овогодишниот победник изјави дека ќе ја подели наградата од 1 милион долари со останатите 9 финалисти.

proglasen-najdobriot-nastavnik-za-2020-nagradata-od-1-milion-dolari-ja-podelil-so-drugite-finalisti-01.jpg

Global Teacher Prize е еден вид натпревар чија цел е да се истакне важноста на наставниците и професорите. Секоја година се избира еден наставник кој оставил голем белег врз неговите ученици и добива парична награда од 1 милион долари. Во натпреварот се вклучени наставници и професори од целиот свет.

На веб-сајтот на натпреварот стои:

„Неадекватното образование е голем фактор зад социјалните, политичките, економските и здравствените проблеми ширум светот. Веруваме дека образованието има моќ да ги намали сиромаштијата, предрасудите и конфликтот.

Наставниците ширум целиот свет работат напорно за да ги образуваат децата, па нивната професија е многу важна. Нивната професија има големо влијание врз вработувањето, задоволството на работното место и перформансот“.

proglasen-najdobriot-nastavnik-za-2020-nagradata-od-1-milion-dolari-ja-podelil-so-drugite-finalisti-04.jpg

Годинава, првата награда ја доби Ранџитшин Дисејл, наставник од село во Индија, кој беше избран од 12.000 наставници, од 140 држави ширум светот. А, откако ја доби наградата, тој уште еднаш докажа дека е вистинскиот избор.

Имено, првпат во историјата на натпреварот, победникот одлучил половина од паричната награда да ја подели со наставниците кои влегле во најтесниот круг. Ова значи дека на 9-те наставници кои стигнале до финалето ќе им бидат поделени половина милион долари, односно секој од нив ќе добие над 55.000 долари.

Поради пандемијата, доделувањето на наградата се одвиваше онлајн, а водител на настанот беше познатиот Стивен Фрај. Во интервју со водителот, Ранџитшин сподели и зошто донел таква одлука:

„Верувам дека ако ги поделам парите со деветте наставници, тие ќе можат да работат подобро. Нивниот неверојатен труд сепак е вреден… Ако ги поделам парите со нив, ќе имаат можност да продолжат со нивната работа и ќе можеме да им го подобриме животот на што е можно повеќе ученици“.

Според CNN, учениците во селото во коешто предава наставникот најчесто доаѓаат од племенски заедници, а тој се залагал да вклучи повеќе девојчиња во образовниот процес. Истовремено, тој го научил локалниот јазик што го зборуваат во селото за да може да им ги преведе учебниците на неговите ученици.

proglasen-najdobriot-nastavnik-za-2020-nagradata-od-1-milion-dolari-ja-podelil-so-drugite-finalisti-02.jpg

Ранџитшин направил и QR кодови во учебниците, преку кои учениците имаат пристап до аудио поеми, видео предавања, приказни и секакви задачи, со тоа зголемувајќи ја нивната желба за учење. Благодарение на неговите подвизи, во училиштето забележале дека децата поредовно ја посетуваат наставата од вообичаено.

proglasen-najdobriot-nastavnik-za-2020-nagradata-od-1-milion-dolari-ja-podelil-so-drugite-finalisti-03.jpg

На гестот на Ранџитшин, ни Далај Лама не останал рамнодушен:

„Сакам да му честитам на Ранџитшин Дисејл за наградата и да го покажам мојот восхит за неговата дарежливост да подели половина од паричната награда со учесниците во натпреварот. Тој постави пример за сочувство“, напишал тој на Twitter.

На веб-сајтот на натпреварот велат дека покрај учениците во Индија, со помош на онлајн предавањата, Ранџитшин им предавал на над 85.000 ученици од 83 држави. Како сето ова да е малку, во текот на летото Ранџитшин обучувал други наставници во Индија и им покажувал како да ја користат технологијата во нивните предавања.

proglasen-najdobriot-nastavnik-za-2020-nagradata-od-1-milion-dolari-ja-podelil-so-drugite-finalisti04.jpg

„Во овие тешки времиња, наставниците го даваат најдоброто од себе за да се осигури дека секој ученик ќе има право на образование. Наставниците се оние кои прават вистински промени во животот на нивните ученици.

Тие секогаш веруваат во давање и споделување. Затоа, со задоволство изјавувам дека ќе поделам 50% од наградата со другите финалисти, за да го поддржам нивниот неверојатен труд. Верувам дека заедно можеме да го промениме светот“, вели Ранџитшин.

Победата дефинитивно е заслужена!

Спирова С. | Црнобело / Фото: Facebook

Би можело да ве интересира:

„Потрошив 50.000 долари за да личам на Мерилин Монро – мислам дека не ми стои добро“ Направила операции на градите, носот, задникот, вградила ботокс и филери, коишто...
„Ме силуваа 3 часа“ – Потресно сведочење на шпанска блогерка која била нападната од 7 мажи додека ка... „Кога врескав ме удираа по лицето. Ги молев да престанат, им понудив пари, да зе...
Ослабел 108kg, па пак се здебелил, невестата е 1.300 пати посиромашна од него - Факти за индискиот п... Младоженецот ги оставил сите со подзината уста кога ослабел 108 килограми во 18 ...
Во Саудиска Арабија се прави град во форма на линија, долг 170km – Зошто некои го критикуваат проект... Досега веројатно сте слушнале за надреалниот град кој се прави во Саудиска Араби...
Татко од Канада се жали: „Ги однесов децата во Дизниленд - потрошив цело богатство за да не чекам по... „Не одете во Дизниленд. Се срамам од тоа колку пари потрошив за еден ден со семе...
102-годишна старица повеќе од половина век учи бебиња и деца да пливаат: „Нема поголема награда од н... „Понекогаш мислам дека е време да се пензионирам, но некој ќе ми рече: ‘Пеги, пр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg