„Медиумите беа токсични“ – принцот Хари откри зошто го напуштија кралското семејство со Меган + што мисли за серијата The Crown

Познатиот водител Џејмс Корден направи ретко интервју со принцот Хари во кое дискутираа за притисокот од јавноста, одлуката да го напуштат кралското семејство со Меган, но и за хит-серијата The Crown.

mediumite-bea-toksichni-princot-hari-otkri-zoshto-si-zaminaa-so-megan-shto-misli-za-serijata-the-crown-01.jpg

Откако Хари и Меган најавија дека го напуштаат кралското семејство и се откажуваат од должностите, сите почнаа да се прашуваат која е точната причина за ова. Тој период почнаа да се појавуваат гласини дека можеби го заладиле односот со кралицата, дека „виновникот“ е Меган и секакви други претпоставки.

mediumite-bea-toksichni-princot-hari-otkri-zoshto-si-zaminaa-so-megan-shto-misli-za-serijata-the-crown-04.jpg

Сега, во првото интервју откако се преселија во САД, принцот Хари конечно откри зошто ја донеле оваа одлука со Меган. Наводно, причината е притисокот од јавноста и британските медиуми.

„Целта никогаш не беше да си заминеме од кралското семејство. Ние не се откажавме од нив, туку само се повлековме. Средината беше многу напорна. Сите знаеме какви можат да бидат британските медиуми, а ова ми го уништуваше менталното здравје. Си помислив ’Ова е токсично‘. Па, го направив она што би го направил секој сопруг и татко – си реков дека морам да го тргнам моето семејство понастрана од сето ова“.

mediumite-bea-toksichni-princot-hari-otkri-zoshto-si-zaminaa-so-megan-shto-misli-za-serijata-the-crown-02.jpg

„Но, никогаш не ги напуштивме. Што се однесува до мене, каква одлука и да донесат оттаму, јас никогаш нема да ги напуштам. Секогаш ќе го давам својот придонес. Мојот живот секогаш ќе биде посветен на јавноста. И Меган се согласи на тоа. Ние двајцата уживаме во тоа – да се обидуваме да ги усреќиме другите и да го промениме светот дури и на најмал начин“.

Во 2019-та година, во нивниот документарец, Меган и Хари спомнаа дека неретко, британските медиуми споделуваат многу лаги за нив и дека ова, нормално, им претставува сериозен проблем.

Тие дури и судеа една папараци агенција која го фотографираше нивниот син Арчи од дрон во нивниот дом. Истовремено, парот поднесе тужба против британски медиум кој објави писма што Меган му ги пишувала на татко си.

mediumite-bea-toksichni-princot-hari-otkri-zoshto-si-zaminaa-so-megan-shto-misli-za-serijata-the-crown-05.jpg

Бидејќи разговараа на оваа тема, Џејмс Корден го праша Хари и што мисли за серијата The Crown. Оваа серија го следи животот на кралското семејство, од периодот кога Елизабета стана кралица, но многу експерти негодуваат бидејќи многу работи прикажани во серијата не се случиле во реалноста. Сепак, на принцот изгледа му се допаѓа серијата.

„Креаторите не велат дека тоа се вести, туку дека е фикција. Серијата е само базирана на вистината. Нормално, не е целосно точна, но дава некаков увид во кралскиот живот, го прикажува притисокот од тоа што пред семејството и сè друго, мораат да се стават кралските обврски.

Всушност, се чувствувам многу подобро ако ја гледам серијата, отколку ако читам приказни напишани за моето семејство или мојата сопруга или за мене. Бидејќи серијата е очигледно фикција – сфатете си ја како сакате“.

mediumite-bea-toksichni-princot-hari-otkri-zoshto-si-zaminaa-so-megan-shto-misli-za-serijata-the-crown-06.jpg

Потоа принцот додава дека не е во ред што медиумите пишуваат лаги, за кои тврдат дека се вистина, бидејќи потоа јавноста верува во нив.

Се разбира, принцот прозборе и за животот со Меган и Арчи во САД. Тој откри дека им е одлично во новиот дом и полека се навикнуваат на новиот живот.

Хари сподели дека обично навечер му прават чај на Арчи, го бањаат, му читаат приказна, па го подготвуваат за спиење. Потоа најчесто Меган правела вечера или нарачувале нешто и пред спиење гледале серии на Нетфликс.

mediumite-bea-toksichni-princot-hari-otkri-zoshto-si-zaminaa-so-megan-shto-misli-za-serijata-the-crown-03.jpg

Принцот сподели и дека првиот збор на Арчи бил „крокодил“, но и дека веќе почнал да пее. За Божиќ, пак, кралицата му подарила тостер за вафли бидејќи тоа му е омилената храна.

Целото интервју можете да го погледнете во продолжение:

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Татко си е татко: Чарлс му прости на Хари и го прими на 45 минути, но Вилијам нема намера да го види „Хари со душа чекал да добие покана од Вилијам за да преноќи кај него, но намест...
Баба му на Чарлс двапати го победила ракот и живеела до 101 година – Дали болеста е „проклетството“ ... Баба му имала две операции заради рак, а двајца дедовци биле „покосени“ од болес...
„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
Мајка си го „киднапирала“ бебето за да докаже дека таткото е неодговорен - Го подели мислењето на ја... „Зедов слободен ден од работа, излегов од дома како вообичаено, почекав половина...
Вилијам на хуманитарен настан, Хари во Лас Вегас - Први јавни обраќања на британските принцови по ди... Вилијам јавно се заблагодари за грижата и пораките, а Хари не го ни спомна татко...
„На 16 години бев бездомник, спиев на улица, сакав да си го одземам живот - сè се смени кога ме прим... Клои Помфрет пораснала во згрижувачки дом, а станала бездомник на 16 години. Спи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg