Меган и Хари критикувани за новата фотка од Арчи + кое е нивното барање од фановите по повод роденденот на синот?

По чудните честитки од кралското семејство, и Меган и Хари го одбележаа вториот роденден на нивното синче со фотографија, но и порака со која ги мотивираат фановите да донираат за вакцини за земјите во развој, истакнувајќи дека ќе ја победиме пандемијата само кога сите ќе имаме пристап до вакцина.

megan-i-hari-kritikuvani-za-novata-fotka-od-archi-koe-e-nivnoto-baranje-od-fanovite-po-povod-rodendenot-na-sinot-01.jpg

На веб-сајтот на нивната фондација Archwell, Меган и Хари споделија нова фотографија од малиот Арчи. На фотката, Арчи е свртен со грб и држи балони.

Но, фановите веднаш му замерија на славниот пар бидејќи го кријат лицето на Арчи, исто како на речиси сите фотографи што ги имаат објавено од него, за разлика од другите деца во кралското семејство.

„Тајното лице на Арчи, ова е смешно“.

„Дали им е срам да го покажат лицето на Арчи? Сигурно е преслатко 2-годишно момче кое си поминува одлично додека си игра со неговите балони“.

„Зошто никогаш не му го покажуваат лицето? Дали бидејќи не е воопшто тој на фотографиите или само затоа што се претенциозни? Секогаш ги гледаме децата на Вилијам и Кејт, зошто да не го видиме и Арчи?“

megan-i-hari-objavija-nova-fotka-od-archi-gi-motiviraat-fanovite-da-doniraat-za-vakcini-po-povod-negoviot-rodenden-02.jpg

Сепак, некои фанови ја бранат одлуката на Меган и Хари:

„Зошто да му го покажуваат лицето после сите проблеми со коишто се соочи за неговата коса, неговата кожа… Оставете го детето на мир“.

„Треба да бидете среќни што не го покажуваат неговото лице насекаде. Тој е дете и заслужува приватност. Кога ќе наполни 18, ќе може самиот да одлучи што сака“.

„Ви благодарам за споделената фотографија… Разбирам зошто сакате да ја заштитите неговата приватност. Среќен роденден Арчи“.

megan-i-hari-kritikuvani-za-novata-fotka-od-archi-koe-e-nivnoto-baranje-od-fanovite-po-povod-rodendenot-na-sinot03.jpg

Покрај фотографијата, Хари и Меган споделија и апел до фановите да донираат за вакцини во сиромашните земји, изјавувајќи дека тоа е најдоброто нешто штo можат да го направат за роденденот на Арчи.

Најпрво познатиот пар им се заблагодарува на сите оние кои донирале средства и им помагале на помалку среќните луѓе, нагласувајќи дека сето тоа е од „добрината на нивното срце“.

Потоа пораката се фокусира на ситуацијата со пандемијата и ја нагласува потребата од еднаков пристап до вакцина.

„Оваа година, нашиот свет е на пат да се излечи од ковид-19. Сепак, премногу семејства уште го чувствуваат влијанието од оваа пандемија. Додека некои места се на раб на закрепнување, во многу делови од светот, луѓето продолжуваат да страдаат.

До денес, околу 80% од речиси една милијарда од вакцините се однесени во побогатите држави. Додека нам можеби ни се чини дека нормалата е веќе овде, се потсетуваме дека во голем дел од светот, особено државите во развој, дистрибуцијата на вакцини треба допрва да започне.

Нема да можеме да закрепнеме сè додека сите, сите немаме еднаков пристап до вакцината. И со таа намера, ве покануваме да донирате колку што можете – ако сакате – за да им обезбедиме вакцини на најранливите места во светот“.

megan-i-hari-objavija-nova-fotka-od-archi-gi-motiviraat-fanovite-da-doniraat-za-vakcini-po-povod-negoviot-rodenden-03.jpg

Потоа парот споделува колку и како можат да донираат оние кои сакаат да го направат тоа.

„Не можеме да најдеме подобар начин да го обележиме роденденот на нашиот син. Ако сите покажеме сочувство и за оние кои ги знаеме и за оние кои не ги знаеме, можеме да имаме големо влијание. Дури и најмалиот придонес може да има огромен ефект. Заедно можеме да се издигнеме, заштитиме и да се грижиме едни за други“.

Неодамна Хари одржа и говор во кој ја истакна потребата од вакцина, особено во сиромашните земји. Тој, заедно со Меган е и дел од кампања чија цел е да ги дистрибуира вакцините против ковид-19 низ целиот свет.

megan-i-hari-objavija-nova-fotka-od-archi-gi-motiviraat-fanovite-da-doniraat-za-vakcini-po-povod-negoviot-rodenden-04.jpg

Меган и Хари уште живеат во Калифорнија, каде што се преселија минатото лето и го очекуваат нивното второ дете.

„Двајцата се многу внимателни родители. Хари сака да му го даде на Арчи детството што отсекогаш го сакал за себе. Минуваат многу време на отворено, а Хари и Меган сакаат да си играат – цела приватност е како сон за нив“, вели извор близок до парот.

Погледнете и Кралското семејство го нема видено 18 месеци – како му го честитаа 2-иот роденден на синот на Хари и Меган?

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Татко си е татко: Чарлс му прости на Хари и го прими на 45 минути, но Вилијам нема намера да го види „Хари со душа чекал да добие покана од Вилијам за да преноќи кај него, но намест...
Реклама за костим за капење го подели мислењето на жените: Маж носи женски модел (видео) „Иако моделот изгледа убаво, зарем овој модел не е за женски тела, со гради и сл...
Брачен пар, кој не сака деца пред да го прошета светот, е мета на осуда: „Прво сакаме да уживаме во ... „Сакаме деца еден ден, но прво сакаме да уживаме во слободата. Не попуштаме под ...
Вилијам на хуманитарен настан, Хари во Лас Вегас - Први јавни обраќања на британските принцови по ди... Вилијам јавно се заблагодари за грижата и пораките, а Хари не го ни спомна татко...
Бебе херој: Се родило во петтиот месец тешко само 410 грама, а сега го прослави првиот роденден Сите ѝ рекле дека на бебето му нема спас и да се прости со него, но во мигот ког...
„Детево е мал Мистер Бин“ - Урнебесно видео од момченце што заспива додека го потстрижуваат „Како да работел 110 часа минатата недела“ – коментираат оние што имаа можност д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg