Жена развила алергија на стресот од работата: „Дадов отказ за да патувам низ светот – тоа ми го спаси животот“

„Навистина бев исплашена. Се будев целосно покриена со осип и не можев да дишам или да гледам. Изгледав како да имав изгореници по целото тело. Имав големи болки...“, раскажува младата Британка која буквално добила алергија од стресната работа.

zhena-razvila-alergija-na-stresot-od-rabotata-dadov-otkaz-za-da-patuvam-niz-svetot-toa-mi-go-spasi-zhivotot-01ѓ.jpg

Покрај осипите таа чувствувала и дека не размислува разумно, но и дека има голем пад во самодовербата.

„Прво чувствував дека ме напаѓаат стресот и анксиозноста. Потоа почнав да се разболувам. Осипот на мојата глава беше мошне лош. Кожата ми беше мошне отечена. Лекарите не можеа да откријат што не е во ред со мене.

Ако поминев со рацете низ косата, можев да почувствувам големи отоци како да ме искасале пчели. По малку ме чешаа, а болеа на допир. Еден ден седев на моето работно место и осетив дека усните ми стануваат многу топли. Се погледнав во огледало и видов дека целото лице ми отекло.

Отидов во аптека, а оттаму ми кажаа дека имам алергиска реакција им и дадоа антихистамин, но состојбата се влоши и се прошири по пределот на вратот, рацете и на градите. По ова следуваа нападите на паника“ - вели таа.

Zena-razvila-alergija-na-stresot-od-rabotata-Rabotev-kako-vol-a-ne-bev-zdrava-toa-shto-dadov-otkaz-mi-go-spasi-zivotot-02.jpg

Стресот не предизвикувал само алергиски реакции. Тој почнал да влијае и на нејзиното размислување, но и на менталното здравје.

„Бев во болницата St Thomas и резултатите од крвната слика беа во ред и изгледаше дека сум здрава, но очигледно тоа не беше така. Ми рекоа дека имам алергиска реакција. Ми дадоа стероиди и посилен антихистамин, но алергијата се враќаше постојано.

По ова следуваше конфузноста, што навистина влијаеше врз мојата работа. Поради тоа бев дополнително под стрес и сфатив дека колку повеќе сум под стрес толку повеќе се влошуваа и осипите по телото.

Осипите се појавуваа и поминуваа, но секојпат беа сè поизразени. Многу се срамев. Цело време бев со наведната глава, а поради стероидите многу се здебелив. Ја загубив самодовербата“ – вели таа.

Дури откако била примена во болница три недели по ред поради проблеми со дишењето таа побарала помош од приватни експерти по алтернативна медицина и конечно го нашла одговорот за тоа што се случува со неа.

Според експертите за алтернативна медицина, Кејтлин страдала од екстремни алергиски реакции на стрес и ја предупредиле дека мора или многу да забави со темпото или да зема јаки лекови во текот на целиот живот.

Наместо да зема лекови, таа решила од корен да го промени животот. Дала отказ на високо платеното работно место и ја потрошила целата заштеда на патување околу светот.

Zena-razvila-alergija-na-stresot-od-rabotata-Rabotev-kako-vol-a-ne-bev-zdrava-toa-shto-dadov-otkaz-mi-go-spasi-zivotot-03.jpg

По шест месеци патување и посебна диета, нејзината болест во целост исчезнала. Шпанија, Нов Зеланд, Бали, Шведска... Ова се само некои од земјите што таа ги посетила.

Кога се вратила во Обединетото Кралство имала само 50 фунти на нејзината сметка и 10.000 фунти долгови, но била посреќна од кога било. Таа имала стабилна врска и почнала да работи како животен тренер.

Денес таа верува дека тоа што го напуштила високо платеното работно место ѝ го спасило животот.

„Отидов на факултет затоа што сметав дека тоа треба да го направам и најдов работа што мислев дека ми е потребна, за на крајот да работам напорно и да си наштетам на здравјето. Дадов отказ, ги спакував куферите и патував со парите што ги чував за да купам куќа.

Напуштив сè и немав никаков план. Бев уплашена и плачев кога си заминав, но имам најубави спомени од времето кога патував. Открив нов начин на живеење и сега, иронично, им помагам на лондонците што се под стрес да го направат истото“ – вели таа.

Таа сега работи како проект-менаџер консултант за фирма во текот на денот, а навечер се посветува на нејзиниот приватен живот, но и на бизнисот како животен тренер.

Таа сака да им помогне на другите луѓе што се под постојан стрес поради работното место, да им укаже за огромното влијание што го има врз нивното здравје и да им помогне да побегнат од секојдневните притисоци.

„Во минатото мислев дека сето ова се хипи глупости, но бев подготвена да пробам сè. Кога ќе погледнам наназад - сфаќам дека воопшто не се забавував, постојано се грижев само за пари и за долгови.

Сите сметаат дека треба да направат драстични промени – јас така мислев и правев – но, не мора да биде така. Сега правам мали промени секоја вечер додека го градам мојот бизнис како животен тренер додека работам и заработувам доволно за пак да одам во Бали. Може да го постигнете тоа, но полека“ - вели таа.

Повеќе фотографии од Кејтлин во продолжение:

Zena-razvila-alergija-na-stresot-od-rabotata-Rabotev-kako-vol-a-ne-bev-zdrava-toa-shto-dadov-otkaz-mi-go-spasi-zivotot-04.jpg

Zena-razvila-alergija-na-stresot-od-rabotata-Rabotev-kako-vol-a-ne-bev-zdrava-toa-shto-dadov-otkaz-mi-go-spasi-zivotot-05.jpg

Zena-razvila-alergija-na-stresot-od-rabotata-Rabotev-kako-vol-a-ne-bev-zdrava-toa-shto-dadov-otkaz-mi-go-spasi-zivotot-06.jpg

Zena-razvila-alergija-na-stresot-od-rabotata-Rabotev-kako-vol-a-ne-bev-zdrava-toa-shto-dadov-otkaz-mi-go-spasi-zivotot-07.jpg

Zena-razvila-alergija-na-stresot-od-rabotata-Rabotev-kako-vol-a-ne-bev-zdrava-toa-shto-dadov-otkaz-mi-go-spasi-zivotot-08.jpg

Zena-razvila-alergija-na-stresot-od-rabotata-Rabotev-kako-vol-a-ne-bev-zdrava-toa-shto-dadov-otkaz-mi-go-spasi-zivotot-09.jpg

Zena-razvila-alergija-na-stresot-od-rabotata-Rabotev-kako-vol-a-ne-bev-zdrava-toa-shto-dadov-otkaz-mi-go-spasi-zivotot-10.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„На 16 години бев бездомник, спиев на улица, сакав да си го одземам живот - сè се смени кога ме прим... Клои Помфрет пораснала во згрижувачки дом, а станала бездомник на 16 години. Спи...
„По 8 спонтани абортуси конечно добив син – сопругот ја продаде колекцијата патики за да платиме ин-... „Не бев сигурна дека некогаш ќе добијам бебе, а сега го држам во раце“ – вели же...
Вдовицата на Хефнер: „Од лошата хигиена во палатата добив болести, на Хју му беше здодеано од секс“ По 8 години живот во Плејбој палатата Кристал добила лајмска болест, а било утвр...
Девојка се соочува со критики: „Се омажив за бебиситерот што ме чуваше кога имав 4 години“ „Ти беше најдобриот бебиситер во мојот живот. Среќна сум што големата разлика во...
„Ја мрази мојата работа, но и мене зошто си ја сакам работата“ – Канадскиот премиер за сопругата од ... „Постојат мигови кога таа ја мрази мојата работа и ме мрази мене што си ја сакам...
„Бев сурогат мајка на неколку познати жени - има многу предизвици кои се кријат од јавноста“ „Морав да пополнам куп формулари. Поминав психолошка евалуација, правев прегледи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg