Дечко купил прстени за девојка му и за љубовницата – продавачката му ја открила тајната објавувајќи фотка

Девојка која работела во продавница за накит, објави видео со двата прстена кој дечко ги купил за неговата девојка и за љубовницата, со цел да го разоткрие неверството - што би направиле ако си го видите прстенот во ваква објава?

Vrabotena-vo-prodavnica-za-nakit-ako-imash-momce-dzejk-da-znaes-deka-kupi-dva-prsteni-za-tebe0za-ljubovnicata-01.jpg

Ели, која на ТикТок се јавува под името @ferreiroroche минатата недела објави видео во кое го разоткри момчето што дошло во нејзината продавница и купило два прстени - за неговата девојка и за љубовницата. 

„Ако твоето момче се вика Џејк и живее во Монтреал - да знаеш дека тој само што купи два прстени ‘за девојката и за љубовницата’“ - вака гласи објавата на поранешната вработена во продавница за накит.

Повеќе корисници наведоа дека сигурно има повеќе момчиња со името Џејк во Монтреал и навистина ќе имаат проблеми поради оваа објава.

Но, за среќа, Ели ги покажа и двата прстени што наводно момчето ги купило за девојката и за љубовницата, па така сите девојки (и љубовници) што се сомневаат - ќе знаат каков прстен би требало да очекуваат да видат доколку со некого што се вика Џејк.

Во следната објава Ели вели дека минатата недела дала отказ и чекала да пројде последната смена за да го објави видеото и да го разоткрие момчето.

Досега нема никаква разрешница за оваа сага, но видеото е прегледано над 2 милиони пати. 

Погледнете го видеото во продолжение:

@ferreiroroche

Gotta support my girls #foryou #fyp

♬ telephone - favsoundds

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Двајцата го промениле полот, се венчале и имаат деца: „Ние сме нормални луѓе, а не чудаци“ На прв поглед изгледаат како сосема нормално семејство. Трансродов пар од Велика...
Момче (10) се ожени со својата детска љубов, 12 дена пред таа да почине од леукемија „Повеќето деца сакаат да одат во Дизниленд, но таа отсекогаш сакаше да биде сопр...
„На 16 години бев бездомник, спиев на улица, сакав да си го одземам живот - сè се смени кога ме прим... Клои Помфрет пораснала во згрижувачки дом, а станала бездомник на 16 години. Спи...
„Сакам да си најдам маж кој ќе ме финансира, а јас само да си седам дома и да ги чувам децата“ „Се знае - мажот се грижи за жената, а таа се грижи за децата. Мажот со кој ќе б...
Брачен пар, кој не сака деца пред да го прошета светот, е мета на осуда: „Прво сакаме да уживаме во ... „Сакаме деца еден ден, но прво сакаме да уживаме во слободата. Не попуштаме под ...
„Го посвоив бебето на бившата сопруга на мојот партнер, откако таа почина – го сакам како свој син“ „Знаев дека влегувам во животот на дете што никогаш не сум го сретнала и бев заг...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg