24-годишна девојка ја изгубила целата коса за 6 недели – сега им е инспирација на луѓето со алопеција

24-годишната Софи Хичен била шокирана откако ја изгубила целата коса за само шест недели, без навидум никаква причина, но сега сака да ја подигне свеста за луѓето кои имаат алопеција и да им помогне да си ја вратат самодовербата.

24-godishna-devojka-ja-izgubila-celata-kosa-za-6-nedeli-sega-im-e-inspiracija-na-lugjeto-so-alopecija-01.jpg

Во април годинава, Софи Хичен од Англија почнала да забележува дека скоро секој ден ѝ паѓа „цела рака“ коса.

За неполн месец, младата девојка изгубила речиси 90% од нејзината коса, а на главата ѝ останале само неколку прамени. По некое време, не знаејќи што да прави, Софи решила да си ја избричи главата, надевајќи се дека тоа ќе ѝ помогне да се чувствува како да има контрола над ситуацијата.

Младата девојка, која го опишува нејзиното искуство како „изолирачко и осамено“, открива дека почнале да ѝ паѓаат сите влакна од телото, вклучувајќи ги и веѓите и трепките.

Наводно, овој проблем почнал сосема ненадејно, а кога отишла на лекар, не знаеле да ѝ кажат која е причината за ова.

„Сите медицински лица со коишто зборував ме прашуваа дали имам искуство со некоја траума или многу стрес. Немам. Барем не до степен што ќе предизвика паѓање на косата. Немаше никаква причина за овој проблем“.

24-godishna-devojka-ja-izgubila-celata-kosa-za-6-nedeli-sega-im-e-inspiracija-na-lugjeto-so-alopecija-07.jpg

Неодамна Софи и нејзиното момче се вериле и ја закажале свадбата за октомври следната година, па младата девојка почнала да стравува од тоа што на нејзината венчавка ќе нема коса. Сепак, успеала да си ја врати самодовербата, па сега сака да им помогне на другите луѓе во слична ситуација.

„Многу девојки на социјалните мрежи ми помогнаа да го надминам ова. Сфатив дека и јас сакам да бидам таква девојка за другите луѓе. Не сакам никој да мисли дека сам ќе минува низ ова. Изминативе неколку недели добив многу прекрасни пораки од други девојки или нивните родители, кои ми велат дека токму моите објави им помогнале“, вели Софи.

Софи всушност се соочува со алопеција – автоимуна болест каде што имунолошкиот систем ги напаѓа фоликулите на влакната. Поради ова, на луѓето со алопеција им паѓа косата, но и сите влакна од нивното тело.

„Никој не знае доволно за алопецијата или што точно ја предизвикува. Сега само сакам да ја подигнам свеста за болеста што е можно повеќе“.

24-godishna-devojka-ja-izgubila-celata-kosa-za-6-nedeli-sega-im-e-inspiracija-na-lugjeto-so-alopecija-04.jpg

Софи првпат сфатила дека нешто не е во ред додека се бањала и чешлала, кога почнувале да ѝ паѓаат големи прамени коса.

„На почетокот мислев дека не е ништо, само заплеткана коса која си паѓа како и вообичаено. Но следната недела забележав дека целата облека ми е со влакна од мојата коса. Не правев ништо уште една недела, но кога состојбата ми се влоши, закажав преглед на лекар, кој предложи да направам крвна слика“.

24-godishna-devojka-ja-izgubila-celata-kosa-za-6-nedeli-sega-im-e-inspiracija-na-lugjeto-so-alopecija-05.jpg

Тестовите не покажале никаков проблем, но кратко откако ги добила резултатите, нејзиниот вереник забележал дека на еден дел од главата веќе нема воопшто коса.

Софи уште еднаш отишла на лекар кој ѝ дал крем за егзема. Бидејќи и ова не помогнало, се упатила кај друг експерт која ја дијагностицирал со алопеција.

„По дијагнозата, сè се случи многу, многу брзо. Токму затоа ми беше многу тешко на почетокот. Првите три недели не знаев како да се справам со ова. Не станував од кревет. Не можев да спијам и се плашев дека ќе се разбудам со уште повеќе коса на перницата. Не ја миев и чешлав косата со недели, бидејќи беше трауматично да гледам колку многу ми паѓа“.

Бидејќи тој период почнала со подготвите за венчавката, Софи почнала да откажува сè – пробување фустан, барање локација, одбирање музика…

24-godishna-devojka-ja-izgubila-celata-kosa-za-6-nedeli-sega-im-e-inspiracija-na-lugjeto-so-alopecija-06.jpg

На 15-ти мај Софи решила дека е време да ја преземе контролата, па му рекла на вереникот да ѝ ја избричи главата.

„Не можам да опишам колкаво олеснување почувствував. Ми изгледаше како повторно да ја земам контролата над нешто што ме контролираше со недели. По природа сум анксиозна личност, па многу сум горда што на некој начин успеав да го надминам ова“.

24-godishna-devojka-ja-izgubila-celata-kosa-za-6-nedeli-sega-im-e-inspiracija-na-lugjeto-so-alopecija-02.jpg

Софи вели дека сега прима терапија со стероиди која би требало да ги намали симптомите на болеста. По терапијата повторно ќе оди кај дерматолог каде што ќе дискутираат за понатамошната терапија.

„Нема лек за алопеција. Терапијата е повеќе за да ми се смири имунолошкиот систем, за да не губам уште влакна од телото“.

24-godishna-devojka-ja-izgubila-celata-kosa-za-6-nedeli-sega-im-e-inspiracija-na-lugjeto-so-alopecija-03.jpg

Софи си купила и перика, но нагласува дека таа, за среќа, имала пари да ја плати.

„Мислам дека треба да преземеме нешто за оние кои не се во можност да го направат тоа. Ми беше тешко да побарам помош, а мислам дека можам да направам нешто за да им помогнам и со тоа на другите“.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Ја мрази мојата работа, но и мене зошто си ја сакам работата“ – Канадскиот премиер за сопругата од ... „Постојат мигови кога таа ја мрази мојата работа и ме мрази мене што си ја сакам...
Емотивно видео: Девојче со тешки изгореници на главата конечно има коса - мајка ѝ ја донираше својат... „Преубава си Ем... Можеме да правиме плетенки, да врзуваме опавче, сè што сакаш“...
„Косата на најдобрата другарка на ќерка ми е полна со вошки, а мајка ѝ е веган и не сака да ги убие ... „Косата на девојчето, кое е најдобра другарка на ќерка ми, е полна со вошки. Реш...
„Ја продавам мојата користена долна облека - заработувам над 4.000 евра месечно“ „Еден клиент сакаше само да зготвам оброк додека ја носам долната облека. Ништо ...
Вирално видео: Девојче (4) има совршен одговор за момчето што ѝ кажа дека не му се допаѓа нејзината ... „Ох, душо, се гордеам со тебе. Застана во своја одбрана, а тоа е важно. И важно ...
„Добив сепса додека бевме на одмор - мораа да ми ги ампутираат и рацете и нозете за да ме спасат“ „По девет недели во кома, лекарите ме разбудија. Најпрво бев во делириум и кажув...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg