Кога Сонцето наликува на „огнена“ полумесечина: Неверојатни фотки од соларната еклипса ширум светот

Дел од жителите на североисточниот дел на САД, како и во одделни држави во Европа и Азија, вчера имаа можност да го проследат затемнувањето на Сонцето, што наликуваше на огнен прстен на небото.

Koga-Sonceto-nalikuva-na-polumesechina-Neverojatni-fotografii-od-zatemnuvanjeto-naSonceto-vo-svetot-01.jpg

Станува збор за феномен познат како прстенесто затемнување што се јавува кога Сонцето и Месечината се во иста линија, но привидната големина на Месечината е помала од онаа на Сонцето. Оттука Сонцето се појавува како многу светол прстен, кој го опкружува темниот диск на Месечината. Поради ова, на некои места Сонцето наликуваше на огнена полумесечина, односно, на огнен прстен.  

Појавата на небото беше фотографирана од неколку локации, а најдобрите фотки се од местата каде што беше во целост видлива, односно од Канада, Гренланд и Сибир. Појавата беше делумно видлива во североисточните делови на САД, северна Европа и во северна Азија.

За жал, огнениот прстен не беше видлив над небото во Македонија.

Погледнете како изгледаше овој магичен феномен ширум светот:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како изгледаше втората супермесечина во август 2023 над Македонија, а како во светот? (фото) Од Лондон до Израел, од САД до Индија, љубителите на астрономските фотографии си...
„Родена сум без вагина поради редок синдром – Не можев да имам секс“ Австралијката Али има редок синдром поради кој е родена без вагина и матка. Одно...
Дете на 2-годишна возраст се искачи до камп на Монт Еверест на 5.364 метри и сруши рекорд (фото) Со своите две години, малиот Картер од Англија стана најмладата личност која сти...
Волшебни фотки и видеа од целосното затемнување на Сонцето – Кога ќе можеме да го видиме кај нас? Твитер е преплавен со фотки и видеа од целосното затемнување на Сонцето кое беше...
Жена му упадна на пар среде запросување на плажа - им го уништи моментот (видео) „Слатки сте. Убаво си наместил. Тортата е убава. Може да го видам прстенот? Уште...
Делови од уништената подморница „Титан“ се извадени на површината – телата на загинатите уште не се ... Делови од уништената подморница „Титан“ беа извадени на површината на брегот на ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg