Кралицата има омилена снаа – Како Софи Весекс ѝ стана главна потпора во тешките мигови?

Ако прашувате кое дете ѝ е омилено на Кралицата, одговорот е ниту едно, омилена ѝ е снаата Софи Весекс - наводно рекол еден од советниците на кралицата. Ако се следат последните случувања на кралскиот двор во Велика Британија и последните настани во кои снаата е главна потпора за кралицата, се чини дека во оваа реченица има голема вистина.

Kralicata-ima-omilena-snaa-kako-sofi-eseks-stana-glavna-potpora-vo-teshkite-migovi-01.jpg

Грофицата Софи Весекс е снаа на кралицата, која е омажена за принцот Едвард – најмалиот син на Елизабета и Филип. Британските медиуми пишуваат дека жената што важи за омилената снаа на кралицата станала нејзина главна потпора по смртта принцот Филип.

Според британските медиуми Софи секојдневно ѝ се јавува на кралицата, а често патува и до Виндзорската палата за да ја посети.  

„По смртта на војводата во април, Софи неколку дена во неделата, а најчесто за викенди патува по 16km од нејзиниот дом во Багшот парк до палатата во Виндзор за да помине време со нејзиното височество. Во деновите кога не може да ја посети, војвотката од Весекс ѝ се јавува на свекрва ѝ најмалку еднаш дневно“ – пишува The Sun.   

Kralicata-ima-omilena-snaa-kako-sofi-eseks-stana-glavna-potpora-vo-teshkite-migovi-02.jpg

За време на годинешната парада по повод нејзиниот 95-ти роденден што ќе се одржи во сабота (12.06) се очекува кралицата да биде придружувана од нејзиниот братучед Војводата од Кент, но зад камерите најверојатно ќе биде со Софи.

Се вели дека најверојатно пријателството помеѓу кралицата и снаата почнало затоа што тие претходно поминувале доста време заедно во прошетки и во јавање во големиот парк во Виндзор.

Kralicata-ima-omilena-snaa-kako-sofi-eseks-stana-glavna-potpora-vo-teshkite-migovi-03.jpg

Додека сè уште траеше карантинот Софи изјави за Telegraph дека ги почитувале мерките за безбедност, при што за време на посетите кралицата стоела на 7m високиот балкон и оттаму ѝ мавтала. 

Иако за време на карантинот тие не можеле да се гледаат слободно, по олеснувањето на мерките Софи била една од ретките на која ѝ било дозволено често да ја посетува кралицата.

Дека кралицата има огромна доверба во својата омилена снаа укажува и фактот што таа беше избрана за ментор на Меган Маркл за „приспособување на кралскиот живот“ кога таа стапи во брак со принцот Хари.

Kralicata-ima-omilena-snaa-kako-sofi-eseks-stana-glavna-potpora-vo-teshkite-migovi-04.jpg

Инаку Софи и принцот Едвард стапија во брак во 1999-тата година. Тие се запознале во 1987-та година кога таа работела како ПР за Capital Radio, но почнале да се забавуваат дури 6 години подоцна, односно во 1993-тата.

На почетокот се обидувале колку може повеќе да ги избегнат фотографите, особено кога Софи почнала да преноќува во станот на Едвард во Бакингемската Палата.

Кога Едвард ја барал на телефон Софи во редакцијата, се претставувал како Ричард, но не успеал да ги излаже нејзините колеги.

Kralicata-ima-omilena-snaa-kako-sofi-eseks-stana-glavna-potpora-vo-teshkite-migovi-05.jpg

Шест години откако почнале да се забавуваат Едвард ѝ предложил брак. Сепак, кога станува збор за формирањето на семејството тие се соочија со повеќе проблеми, Софи имаше вонматерична бременост во 2001-вата година.

Две години подоцна ја роди ќерката Луиза, но и тоа породување било мошне тешко – бебето беше родено еден месец порано, а Софи загубила многу крв за време на царскиот рез и беше задржана 15 дена во болница. Во 2007-мата Софи повторно со царски рез го роди синот Џејмс. 

Kralicata-ima-omilena-snaa-kako-sofi-eseks-stana-glavna-potpora-vo-teshkite-migovi-06.jpg

Инаку се вели дека Софи, Едвард и нивните деца Луиза (17) и Џејмс (13) често први доаѓаат во посета на кралицата, а последни си одат.

Сето ова укажува дека кралицата има своја омилена снаа што ѝ служи како главна потпора во тешките моменти по загубата на сопругот, но и по скандалите што принцот Хари ги предизвика од САД.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Ја мрази мојата работа, но и мене зошто си ја сакам работата“ – Канадскиот премиер за сопругата од ... „Постојат мигови кога таа ја мрази мојата работа и ме мрази мене што си ја сакам...
Колку се чести нападите од ајкули во Египет (и што да правите ако сте нападнати)? Се чини дека секое лето во Египет има напад од ајкули, но важно е да знаете дека...
„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
„По 2 години повторно имаме секс со сопругот, но дознав дека тој флертува со 4 жени и фантазира за н... „Кога се соочив со сопругот, тој рече дека сум глупава, бидејќи сето тоа е само ...
Дали бременоста на Хилари Свонк на 48 години им дава лажна надеж на жените? Жена која останала бремена во доцните 40-ти години, а притоа има и јавна професи...
Вирално видео од фризерка: „Лоши работи што ги прават клиентките, а ме иритираат и мене и сите стили... „Прво е доцнењето или воопшто да не дојдете. Јасни ни е дека се случуваат работи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg