Драмата со Ѓоковиќ продолжува – одбиени му се барањата за личен готвач и пристап до тениски терен, што ќе добие?

Ѓоковиќ побарал личен готвач и пристап до тениски терен за време на престојот во хотелот за мигранти во Мелбурн, но неговите барања биле одбиени од австралиската граничната полиција – наводно ќе добие справи за вежбање и специјална храна, откако беа објавени незадоволителните услови во сместувањето, како бубачки и мувлосана храна.

dramata-so-gjokovikj-prodolzhuva-odbieni-mu-se-baranjata-za-lichen-gotvach-i-pristap-do-teniski-teren-shto-kje-dobie-01.jpg

Светскиот тениски првак Новак Ѓоковиќ веќе неколку дена е во имигрантски хотел во Мелбурн, додека ја чека одлуката на австралиските власти, по жалбата од неговите адвокати заради укинувањето на визата.

По пристигнувањето на аеродромот во Австралија, тенисерот веднаш беше задржан, бидејќи неговата документација за влез во земјата без вакцинација не била соодветна и не прикажал соодветна причина зошто нема примено вакцина против ковид, иако претходно од тениската федерација на Австралија добил одобрување за влез и учество на Australia Open.

dramata-so-gjokovikj-prodolzhuva-odbieni-mu-se-baranjata-za-lichen-gotvach-i-pristap-do-teniski-teren-shto-kje-dobie.jpg

Тој сега е сместен во хотел Парк, во имиграциски притвор, каде наводно една ноќ е 109 долари, но претходно повеќе бегалци и барачи на азил кои престојувале таму се жалеле на незадоволителните услови за живот.

Во јавноста протекоа фотографии од храната која ја добиваат останатите кои се сместени со него во истиот хотел - бубачки, мувлосан леб, ширење ковид се само некои од жалбите на гостите во изминатиот период.

dramata-so-gjokovikj-prodolzhuva-odbieni-mu-se-baranjata-za-lichen-gotvach-i-pristap-do-teniski-teren-shto-kje-dobie-2.jpg

Самиот Ѓоковиќ побарал личен готвач кој ќе му ја одржува строгата диета, со оглед на тоа што практикува специјална исхрана заради нетолеранција на глутен, а побарал и да биде преместен во приватен апартман со пристап до тениски терен за да може да тренира и да остане во топ форма за турнирот кој почнува од 17 јануари.

Австралиската гранична полиција ги одбила сите негови барања и инсистирала тој да остане во хотелот додека судот да ја донесе одлуката за депортирањето која се очекува во понеделник.

Семејството Ѓоковиќ ја обвини владата на Австралија дека го третираат Новак како затвореник, српски граѓани и негови фанови протестираат пред хотелот, а реагираше и владата на Србија.

Премиерката Ана Брнабиќ во утринска програма на телевизија Пинк изјавила:

„Се слушнав со Министерката за надворешни работи на Австралија, разговаравме конструктивно. Постојано сме во контакт, јас со Владата, а претседателот со Новак. Се обидуваме да му олесниме. За жал, тој до финалната одлука ќе остане  во хотелот,  но успеавме во една работа. Ќе му се доставува храна без глутен и ќе добие справи за вежбање, доби лаптоп, како и сим картичка за да биде во контакт со своите.“

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Жена ја оставила ќерка ѝ (5) сама во хотел на Мајорка за да се забавува: „Пиеше од утро до мрак, тур... Негрижата на мајка од Ирска ја разбранува јавноста – 45-годишната жена била на о...
Секојдневие во Австралија: Огромен питон се влече на семејната куќа додека семејството седи во дворо... „Само во Австралија можете да видите 5 метри долг питон во предградието“ – се ве...
Бизарно: Пар украл сè од хотелска соба – го зеле дури и далечинскиот управувач за телевизорот (видео... Британските медиуми масовно споделуваат видео од пар кој откако преноќил во хоте...
Татко си е татко: Чарлс му прости на Хари и го прими на 45 минути, но Вилијам нема намера да го види „Хари со душа чекал да добие покана од Вилијам за да преноќи кај него, но намест...
Не им давала храна, имале рани по телото – Која е јутјуберката од САД што беше уапсена за малтретира... Јутјуберката Руби Франк од Јута, САД, се наоѓа во притвор откако едно од нејзини...
Го сместија во затвор со поглед на островот Утоја каде уби 69 луѓе, се жали на нехумани услови – Как... Андерс Брејвик 11 години е во екстремна изолација и нема контакт со други луѓе о...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg