Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Бариста 07-05-2024


Илон Маск го претстави мозочниот имплант со којшто ќе можете да ја контролирате технологијата

Писателите на научна фантастика одамна ни ја имаат всадено идејата за иднина каде што човечките мозоци имаат микрочипови. 

ilon-mask-go-pretstavi-mozochniot-implant-so-kojshto-kje-mozhete-da-ja-kontrolirate-tehnologijata-01.jpg

Вo реалноста, невронските импланти и длабоката мозочна стимулација стануваат честа појава за третирање на болести како Паркинсоновата. Но новата најава од стартап компанијата Neuralink на Илон Маск, изгледа ќе промени многу.

За време на презентација на Академијата за науки во Калифорнија, Neuralink ги објави резултати од долгогодишната работа. Компанијата, која досега беше релативно таинствена, сподели дека има развиено „влакна“ потенки од човечката коса, кои можат да бидат имплантирани во мозокот.

Сензорите би се наоѓале на черепот и ќе ги пренесуваат информациите до мал компјутер поставен зад увото. Со оваа направа, корисниците ќе можат да ги контролираат смартфоните и другите направи, додека апликациите можат да ги чуваат податоците од невроните.

ilon-mask-go-pretstavi-mozochniot-implant-so-kojshto-kje-mozhete-da-ja-kontrolirate-tehnologijata-02.jpg

ilon-mask-go-pretstavi-mozochniot-implant-so-kojshto-kje-mozhete-da-ja-kontrolirate-tehnologijata-03.jpg

„Мислам дека ова ќе биде важно за целата цивилизација. Дури и покрај недоволно развиена вештачка интелигенција, ние би биле заостанати и уназадени. Со интерфејсот на мозочната машина ќе имаме поголема улога и ќе земеме поголем замав во ова поле.“ - изјавил Маск.

Направата на Neuralink се разликува од останатите мозочни импланти поради употребата на тенки, флексибилни „влакна“. Компанијата развила и хируршки робот за имплантирање на влакната без оштетување на крвните садови.

Засега, роботот може да вметне 6 влакна со 192 електроди во минута. Компанијата се надева дека ќе ја развие технологијата до тој степен, така што со помош на ласери ќе можат да се вметнат безжични направи наречени сензор N1. Засега, на уредот му е потребна УСБ конекција.

ilon-mask-go-pretstavi-mozochniot-implant-so-kojshto-kje-mozhete-da-ja-kontrolirate-tehnologijata-04.jpg

ilon-mask-go-pretstavi-mozochniot-implant-so-kojshto-kje-mozhete-da-ja-kontrolirate-tehnologijata-05.jpg

Можеби ова изгледа како голем подвиг, но досегашните тестирања на животни биле успешни. На пример, била направена демонстрација каде што системот бил поврзан со лабораториски глушец.

Системот можел да чита информации од 1.500 електроди, што е 15 пати подобро од досегашните системи. Па, истражувањата изгледаат навистина ветувачки.

Истовремено, Маск спомнал дека технологијата му помогнала на мајмун да контролира компјутер со неговиот мозок, но не сподели дополнителни детали.

Следниот чекор е добивање дозвола за тестирање на луѓе, а целта е овие тестирања да започнат во 2020-та година. Тестирањата ќе бидат наменети за пациенти со сериозни болести.

За време на презентацијата, Маск истакнал дека е важно да не останеме уназадени како што напредува технологијата.

ilon-mask-go-pretstavi-mozochniot-implant-so-kojshto-kje-mozhete-da-ja-kontrolirate-tehnologijata-06.jpg

Независните истражувачи сметаат дека треба да бидеме внимателни, наводно бидејќи успехот на тестовите со животни не значи дека ќе успеат и тестирањата на луѓе.

Покрај тоа, во истражувањето на Neuralink недостасувале податоци за ефектите од долгорочното користење на имплантот. Од компанијата изјавиле дека спровеле тестирања со цел да ги одговорат овие прашања, но дека сè уште не се подготвени да ги објават податоците.

Можете да ја погледнете целата презентација на видеото во продолжение.

https://www.youtube.com/watch?v=r-vbh3t7WVI

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Митови за iPhone кои не се точни (и можат да ви го расипат уредот) Ако исклучите Bluetooth ќе заштедите батерија и телефоните се отпорни на вируси ...
На што треба да внимавате кога купувате онлајн (за да не бидете измамени)? Иако купувањето од вашиот дом е најпрактично, сепак со себе носи и голем број на...
За да го избришете профилот на „Threads“ мора да си го избришете и профилот на Инстаграм - корисници... „Штом еднаш влезеш нема излегување“ – велат дел од корисниците што ја пробале но...
Како онлајн предаторите можат да ги злоупотребат фотките што ги објавувате од вашите деца? „Онлајн предаторите можат да ги претворат фотографиите од децата во експлицитни ...
Како да го спречите расипувањето на батеријата и да му го продолжите рокот на траење на смартфонот? Не купувајте евтини полначи и не ги игнорирајте надградбите за софтверот – како ...
Знаци дека телефонот можеби ви е хакиран (или некој се обидува да го хакира) Телефонот се загрева без причина и имате проблеми со перформансот, дури и ако им...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg