Соновник | Sonovnik

Term Main definition
Вага


Полека размислувате, строго судите, времето ви поминува; ако видите вага означува добивка; ако мерите нешто предупредува на несигурни и неизвесни работни места.

Вагон

Ако видите вагон во вашиот сон значи дека сте им оставиле важни одлуки за вашиот живот на другите.

Вазна со цвеќе

Ве очекува пријатно изненадување на јаве; ако добиете вазна како подарок значи дека вашето богатство и деловен успех ќе се зголемат; ако скршите вазна се заканува дека ќе изгубите некој ваш пријател, лутина.

Вајар (скулптор)

Ако сонувате вајар значи дека ќе имате интересна средба во блиска иднина.

Вакцинација

Вакцинирањето во сон ве предупредува дека сте опкружени со неискрени пријатели.

Валцер

Играњето валцер во сон значи дека некому ќе изјавите љубов; ако гледате како другите играат валцер предупредува на тага.

Вампир

Ако сонувате дека ве дави вампир, потсвеста ве предупредува на можна болест, незадоволство; ако го видите вампирот значи дека ве чека љубовна понуда.

Вдовец (вдовица)

Ако видите вдовец или вдовица во сон значи дека ве очекуваат радости во животот, добри вести, свадба.

Ведро небо

Ако видите ведро небо во вашиот сон значи дека ќе добиете шанси кои не треба да ги пропуштите.

Веѓи

Да сонувате да ги негувате веѓите значи дека среќен настан е на прагот.

Велосипед

Возење: брзо ќе стигнете до посакуваната цел, мала добивка, успех, полесен успех отколку што сте очекувале;

Венец

Ако сонувате венец на починат човек предупредува на неволји и расправии со соседите; ако го плетете означува спокојство; ако го носите на главата предупредува на клевета; венец од цвеќе симболизира љубовни грижи; од злато: убав живот; венец на гроб значи дека ќе добиете наследство; девојка кога сонува венец значи дека има верна љубов.

Венецијанер

Ако видите венецијанери во сон ве предупредува да бидете внимателни, може да станете предмет на озборувања.

Вени

Ако сонувате вени ве предупредува дека ќе слушнете вознемирувачки вести за некој ваш пријател; ако видите отечени вени во сон значи дека ви претстојат тага и жалост во блиска иднина.

Венчавка

Ако видите: среќен брак, добивка, завист поради нечиј успех; со девојка/момче: ќе имате среќен брак; со вдовица или вдовец: внимавајте на однесувањето на вашиот партнер.

Верверица

Ако видите: неочекувана радост; ако ловите верверица: брак; ако фатите: ќе бидете во опасност, среќата ќе ве одмине, ненадејна промена, непромисленоста ќе ги расипе односите со саканата личност.

Вереник (вереница)

Ако водите на венчавка: вашата желба ќе се оствари; ако играте со него /неа: брак во скоро време; ако видите: душевен мир; ако видите како трча: смрт.

Веселба

Ако сонувате веселба или да ја гледате предупредува дека ќе ве престигне некоја мизерија, каење, кавга, тага.

Весло

Ако видите весло во вашиот сон значи дека ќе имате кратко патување и ќе остварите ново познанство на истото, радост.

Весник

Сонување весник значи дека ќе слушнете добар глас.

Вести

Ако слушнете вести во сон предупредува на непотребни трошоци, непријатни вести.

Ветар

Ако во вашиот сон го слушнете ветрот како свири тоа значи дека ќе добиете празни ветувања.

Ветерница

Ако видите ветерница во сон предупредува дека вашите непријатели ќе ве изневерат, нема да се случи венчавката.

Вечера

Ако сте поканети на вечера значи дека зделките не ви се најчесни; ако вечерате во друштво значи дека ве очекува среќата во бизнисот, добивка, честа; ако видите други дека вечераат ве советува да се вардите од удобен живот.

Вештерка

Ако сте вештерка во сон предупредува дека на јаве ве чекаат загуби, грижи, конфликти што треба сами да ги решите.

Видра

Ако видите видра во сон значи среќа во несреќа, имате глупави противници.

Викање

Ако повикате некого во вашиот сон предупредува дека ве очекува болест на јаве.

Викендичка

Гледање викендичка во сон значи дека болен човек во вашата околина ќе оздрави.

Вилица

Ако видите вилици во сон значи дека ќе се соочите со озборувања на јаве.

Виљушка

Во сон, предупредува на претпазливост при работа во наредниот месец; ако јадете со виљушка значи дека сте во опасност од несреќа; ако ви се испушти виљушка симболизира лутина, гнев во реалноста.



Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg