Соновник | Sonovnik

Term Main definition
Хакер


Ако сонувате хакер може да има лошо значење. 

Халуцинација

Сон во кој халуцинирате може да значи успех во работата. 

Хамбургер

Ако на сон видите хамбургер претставува добар знак. 

Харем

Ако видите харем во сонот значи дека ќе сносите последици за некоја направена глупост, ве чека неволја!

Хармоника

Ако видите хармонија во сонот предупредува на неморални зделки, ако ја слушате значи дека претерано сте сомничави, а ако ја свирите значи дека некој ќе ве израдува на јаве.

Хартија

Ако видите хартија во сонот значи дека ви претстои расправија, непријатност, непријатно писмо.

Харфа

Ако свирите на харфа во сонот тоа значи дека ќе запознаете нови пријатели, тага, жалост.

Хаска

Ако сонувате хаски: добрината ќе ве чини, наивни сте. Не ги забележувате потезите на вашите противници.

Хеланки

Облека на сон се однесува на тоа како ве гледаат луѓето. 

Хељда

Предупредува дека ви следи период на сиромаштија, немаштија.

Хемикалии / Хемија

Сонот со хемикалии или часови по хемија ја симболизира вашата желба да дознаете повеќе за одредени реакции што ќе се случат во блиска иднина.

Хемороиди

Сон во кој ве мачат хемороиди значи дека ќе учествувате во некои нечесни работи. 

Хепатит

Хепатит на сон не дава многу надеж за реализација на вашите планови. 

Херој / хероина

Предупредува дека ви се заканува опасност! Бидете внимателни, нештата нема да ви одат од рака!

Херпес

Ако сонувате херпес, ова значи некакви здравствени проблеми и прашања кои долго не сте сакале да ги проверите. 

Хидроцентрала

Хидроцентрала на сон претставува добар знак. 

Химна

Ако сонувате химна, тоа е добар знак. 

Хипнотизирање

Ако бидете хипнотизиран: некој ќе ве измами, секоја школа и наука се плаќа; ако хипнотизирате некого: тргнете се од опасни бизниси; ако видите хипнотизирање: ќе стекнете слава и углед во својата околина.

Хиподром

Среќа, богатство и убави настани се пред вас. 

Хипохондрик

Добро размислете пред да го прифатите советот од ваш стар пријател.

Хирург

Сон во кој има хирург е знак дека ви се доближува некој непријател. 

Ходник

Ако сонувате ходник општо земено, тоа укажува на некои промени, период на чекање пред влез во главната фаза. 

Хокеј

Хокеј на сон би требало да претставува добар знак. 

Хомосексуалец

Жените честопати се вознемирени однивните лезбејски соништа, но ова апсолутно не е никаков знак дека имате склоност кон геј односи со жена. 

Хонорар

Хонорар во сон означува дека ќе имате непредвидени трошоци. 

Хорор филм

Веројатно се плашите дека вашите најлоши стравови ќе се остварат, било да се однесува на неуспех на работа или на пропаст на бракот или врската.

Хороскоп

Мотивот на хороскопот често е претставен во соништата на луѓето кои редовно го читаат. 

Хотел

Ако видите хотел во вашите соништа, тоа значи дека ве очекува болест, загуба, штета на патот.

Хотелска соба

Соновите врзани со хотел најчесто се однесуваат на вашиот моментален живот и условите во кои живеете.

Храброст

Значи дека некој на јаве ќе ве понижи.



Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg