Боби Мојсовски е во финалето на Х-фактор! (видео)

Ниту еднаш досега не разочара и не се најде во дуел со песна за спас, туку секојпат ги воодушевува сите.

bobi-mojsovski-e-vo-finaleto-na-x-faktor-video-001

Нашиот Боби Мојсовски од Охрид, кој досега беше прогласуван за крал на баладите, покажа дека одлично се снаоѓа и во побрзите песни со повеќе движење.

Во полуфиналето на Х-фактор тој ја испеа „Counting stars“ од One Republic, која им ја посвети на родители и приреди вистинско шоу за уживање.

Сите членови на жирито беа воодушевени, особено од неговите гласовни можности и сигурните високи тонови, како ретко кој машки пејач на Балканот.

Публиката постојано го поддржува и гласа, па и овојпат се покажа дека има голем број фанови кои со своите гласови придонесоа тој да биде еден од шесте супер финалисти на 21 јуни каде ќе пее пред полната Комбанк Арена и можеби ќе биде победник на второто издание на Х-фактор Адриа!

Погледнете го неговиот настап:

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg