Што ви е среќна амајлија, според хороскопскиот знак?

Вага – Триаголници

Илјадници години наназад се верува дека триаголниците се симбол на раѓањето и смртта, но и на човечката поврзаност со универзумот. Се верува дека тоа се знаци што носат баланс и стабилност – две работи што ѝ се најважни на Вагата.

Тие се одлични преговарачи и познати се по својот дипломатски однос и објективност. Затоа триаголниците им носат среќа и им помагаат да го пронајдат балансот што им е суштински важен.

shto-vi-e-srekjna-amajlija-spored-horoskopskiot-znak-08.jpg

Скорпија – Потковица

Иако се мистериозни и повлечени, Скорпиите сакаат амајлии што можат да им ги покажат на светот.

Со оглед на тоа што се изработени од железо, во минатото се верувало дека потковиците ги бркаат сите злонамерници или злобни суштества, па затоа се одлични за претставниците на овој знак, кои во себе потајно веруваат дека секој им приоѓа со скриени намери.

shto-vi-e-srekjna-amajlija-spored-horoskopskiot-znak-09.jpg

Стрелец – Зајачка шепа

Ова верување потекнува од племенските заедници кои верувале дека зајачката шепа може да ве избави од лошите магии и влијанија.

Секако, добро е да изберете вештачки зајачки шепи, за чијашто изработка не биле повредени животни.

Се верува дека на Стрелците оваа амајлија ќе им помогне да останат безбедни во големиот број авантури низ животот.

shto-vi-e-srekjna-amajlija-spored-horoskopskiot-znak-10.jpg

Јарец – Четирилисна детелина, змеј

Четирилисната детелина е симбол на вера, надеж, наклонетост и напредок. Овие работи се мошне важни за Јарците кои сакаат да работат напорно за да можат да си ги дозволат сите убави работи што ги посакуваат.

Тие се големи вљубеници во природата, а оваа амајлија ја симболизира нивната поврзаност со природата.

Ако немаат среќа да најдат четирилисна детелина, следна најдобра амајлија им се фигурите и амајлиите во форма на змеј.

shto-vi-e-srekjna-amajlija-spored-horoskopskiot-znak-11.jpg

Водолија – Штурци

Со оглед на тоа што се уникатни и единствени, и нивната амајлија мора да биде поразлична од другите.

За Водолиите звукот на штурците е омилена песна, што им нуди мир и спокојство и постојано чувствуваат дека имаат некој покрај себе.

За нив, штурците се симбол на предупредување за опасност, а во нивно присуство чувствуваат дека никогаш не се сами.

shto-vi-e-srekjna-amajlija-spored-horoskopskiot-znak-12.jpg

Риби – Дримкечери

Рибите се луѓе кои сакаат да сонуваат и да фантазираат, а оваа амајлија им помага да се заштитат од кошмарите и лошите соништа.

Секогаш кога имаат ваква амајлија во близина, Рибите се чувствуваат безбедно и сигурно.

shto-vi-e-srekjna-amajlija-spored-horoskopskiot-znak-13_copy.jpg

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Со каков партнер секој од хороскопските знаци никогаш не би сакал да има секс (и зошто)? Лав - Кога станува збор за сексот, одбивни им се луѓето што изгледаат како озбор...
Што најмногу мразите (но не признавате), според хороскопскиот знак? Бик - Овие луѓе мразат кога некој им кажува што треба да прават и наместо да ја ...
Кое е вашето животно мото, според хороскопскиот знак? Рак - Домот е онаму каде што е срцето. Во животот, сите се водиме според некои н...
Како реагира секој хороскопски знак кога е гневен (и како да научи да се контролира)? Риби – Тие се мирољубиви луѓе кои не можат лесно да се справат со своите негатив...
Каков тип на жена избира секој хороскопски знак за брак? Сме слушнале за мажите кои излегуваат со некоја девојка, но потоа ја оставаат, б...
Кој е вашиот знак во арапскиот хороскоп и што открива за вас? Копје е првиот знак во арапскиот хороскоп и со него почнува, но и завршува годин...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg