Кој е вашиот знак во арапскиот хороскоп и што открива за вас?

Копје е првиот знак во арапскиот хороскоп и со него почнува, но и завршува годината. Луѓето со овој знак се родени помеѓу 22-ри декември и 20-ти јануари. Какви се тие по природа? Што кажува арапскиот хороскоп за вас?

koj-e-vashiot-znak-vo-arapskiot-horoskop-i-shto-otkriva-za-vas-01.jpg

Како и во „обичниот“ хороскоп, и во арапскиот знаците се одредуваат според датумот на раѓање.

Иако за подетална анализа на карактерот важно е и местото на раѓање, за да ги дознаете основните работи, сосема доволен е и датумот.

Арапскиот хороскоп открива кои се вашите јаки страни, но и детали за карактерот.

Кoј е вашиот знак во арапскиот хороскоп?

Копје (22 декември – 20 јануари)

Копје е првиот знак во арапскиот хороскоп и со него почнува, но и завршува годината.

Луѓето со овој знак размислуваат трезвено, имаат многу вештини и неретко им е „судено“ да бидат успешни.

Поради сето ова, тие се и многу почитувани.

Покрај тоа, овие луѓе се трпеливи и вредни – работи кои неретко се причина за нивниот успех.

Тие сакат да размислуваат и секогаш темелно истражуваат пред да донесат некоја одлука.

Тешкотиите не ги плашат, па неретко го избираат потешкиот пат бидејќи знаат дека така ќе добијат и поголема награда.

Чатал (21 јануари – 19 февруари)

Луѓето со овој знак имаат развиено чувство за морал, приземјени се, креативни и мошне интелигентни.

Кога имаат некоја идеја, повеќе се фокусираат на тоа да ја реализираат отколку само напразно да зборуваат за неа.

Иновативни се и секогаш бараат начин да ги подобрат работите околу себе.

Истовремено, не им е страв да ја покажат нивната креативност или да излезат од нивната комфорна зона за да го постигнат она што го сакаат.

Неретко ја гледаат големата слика и согласно тоа ги донесуваат нивните одлуки.

Секира (20 февруари – 20 март)

Оние кои се родени под знакот Секира се издржливи и сакаат да бидат корисни.

Инспирирани се од љубовта и убавината, а неретко трагаат по совршенство.

Некогаш монотоноста на секојдневието им се здосадува и секогаш бараат начин да се подобрат себеси.

Никогаш не се задоволни од местото каде што се наоѓаат сега, па доста често ги надминуваат своите граници.

Притоа, истото го очекуваат и од другите.

Бодеж (21 март – 20 април)

Бодежот претставува остро сечило, односно нож, а познат е и како кама.

Луѓето со овој знак се полни со живот, спонтани се и не се плашат да ги тестираат своите граници.

Секогаш се чекор пред другите и секогаш го даваат најдоброто од себе.

Знаат да бидат импулсивни, но ретко грешат дури и со ваквите одлуки и постапки.

Сакаат да ризикуваат, а ја вложуваат целата енергија во работи за кои се сигурни дека вредат.

Шајка (21 април – 20 мај)

Оние кои се родени со овој знак се силни, но страсни личности.

Повеќе уживаат во мирот, но знаат да бидат мошне борбени кога ќе дојде време за тоа.

Не им е проблем да се посветат на големи и сериозни проекти кои ќе им го одземаат целото време е и целата енергија.

Нивните цели се јасни и реалистични. Свесни се за своите способности, не се преценуваат и во повеќето случаи успеваат во она што го наумиле.

Боздоган (21 мај – 21 јуни)

Овие луѓе се спонтани, со слободен дух и се вистински камелеони кога станува збор за адаптирање во нова средина.

Секогаш желни за забава, не испуштаат ниту една можност за истражување и авантура.

Секогаш ги изненадуваат другите, а неретко и самите себеси, но секојпат добро размислуваат пред да направат нешто лудо.

Одлично се справуваат со други луѓе, дружељубиви се и на сите им годи нивото друштво.

Исто така, многу добро „ги читаат“ луѓето, а токму ова им помага да воспостават добар однос со скоро секого.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Со каков партнер секој од хороскопските знаци никогаш не би сакал да има секс (и зошто)? Лав - Кога станува збор за сексот, одбивни им се луѓето што изгледаат како озбор...
Што ве прави убави во очите на другите, според хороскопскиот знак (а, не е поврзано со изгледот)? Вашиот прв инстинкт е да им помагате на другите, дури и кога станува збор за лич...
Што најмногу мразите (но не признавате), според хороскопскиот знак? Бик - Овие луѓе мразат кога некој им кажува што треба да прават и наместо да ја ...
Каков тип на жена избира секој хороскопски знак за брак? Сме слушнале за мажите кои излегуваат со некоја девојка, но потоа ја оставаат, б...
Како реагира секој хороскопски знак кога е гневен (и како да научи да се контролира)? Риби – Тие се мирољубиви луѓе кои не можат лесно да се справат со своите негатив...
Кое е вашето животно мото, според хороскопскиот знак? Рак - Домот е онаму каде што е срцето. Во животот, сите се водиме според некои н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg