Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Бариста 07-05-2024


Биковите јадат кога се тажни – Каков ви е односот со храната, според хороскопскиот знак?

kakvi-naviki-na-ishrana-ima-sekoj-horoskopski-znak-02_copy.jpg

Вага: Контролирајте ја љубовта кон слатките работи

Вагите претпочитаат да имаат помали порции од салати, предјадење, главно јадење… Но, кога станува збор за десертот по оброкот, е тогаш тие не внимаваат.

Исто така сакаат да имаат удобна атмосфера додека јадат, а доколку сакаат да ги избегнат последиците, треба да се грижат за тоа колку слатки работи внесуваат.

Скорпија: Избегнувајте нездрава храна, внесувајте повеќе вода

Личностите родени во овој хороскопски знак обожаваат зачинета храна по која може да посегнат во кое било време од денот, без разлика дали е на средина од денот или во 3 часот по полноќ.

Скорпиите најчесто се соочуваат со крајности – сè или ништо. Тие може да консумираат големи количини храна одеднаш, а потоа да не внесат ништо цел ден.

Треба да внесуваат повеќе вода бидејќи лесно може да забораваат да се напијат дури и една чаша во текот на денот.

Стрелец: Не се прејадувајте

Стрелците сакаат да експериментираат. Обожаваат егзотични деликатеси и да пробуваат зачинета храна.

Едно нешто што овие личности го прават доста често, е тоа што внесуваат многу храна одеднаш, а потоа ги прескокнуваат следните 2-3 оброци.

Покрај прејадувањето, тие може да се препуштат и на премногу пиење, што може да доведе до низа здравствени проблеми.

Јарец: Намалете го внесот на сол

За Јарците, вкусот и квалитетот на храната се од најголема важност. Тие ја сакаат домашната храна, не сакаат премногу зачинета, но може да претераат со солта.

Не присилувајте ги да јадат повеќе отколку што можат, затоа што едноставно го мразат тоа.

Водолија: Избегнувајте прејадување доцна навечер

Личностите родени во овој хороскопски знак честопати се вегетаријанци/вегани.

Тие претпочитаат и нискокалорични оброци, а исто така обожаваат и зеленчук и овошје, повеќе отколку храна богата со протеини.

Ова е добро, но кога се окупирани со работа, тие може да јадат сè што ќе им дојде при рака. Всушност, повеќе се склони кон прејадување доцна во ноќта, а оваа навика треба да ја избегнуваат доколку сакаат да бидат здрави.

Риби: Практикувајте редовна детоксикација

Рибите уживаат во храната, а најчесто токму таа е начинот на кој ќе ја изразат својата љубов кон блиските.

Сакаат убаво декорирани оброци, а треба редовно да прават детоксикација на организмот и да го зголемат внесувањето вода.

М. Ѓ | Црнобело



Би можело да ве интересира:

3 хороскопски знаци кои немаат лош збор за бившите (и зошто) Стрелец: Тие се познати по својот ведар и слободен дух, па знаат дека разделбата...
5 хороскопски знаци на кои им е најважно да мирисаат убаво Скорпија - Тие сакаат да мирисаат заводливо и интригантно. Сакаат моќни парфеми ...
3 хороскопски знаци кои ќе доживеат голема љубов во 2024-та Бидете отворени за нови познанства, но не влегувајте избрзано во врска за да не ...
4 хороскопски знаци кои сакаат да трошат пари на луксузни работи Рак - Кога станува збор за екстравагантен вкус, тогаш на Раковите никој не им е ...
3 хороскопски знаци кои секогаш избираат постари (и позрели) партнери Секоја жена има различни желби во љубовта. Некои жени сакаат партнерот според го...
3 хороскопски знаци кои мечтаат за едноставен живот на село (и да си одгледуваат своја храна) Вага: Сакаат да бидат надвор, да уживаат во едноставен живот во рурална средина ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg