3 хороскопски знаци кои секогаш избираат постари (и позрели) партнери

Секоја жена има различни желби во љубовта. Некои жени сакаат партнерот според годините да е блиску до нив, други преферираат помлад партнер, а некои, пак, избираат постари и позрели мажи.

3-horoskopski-znaci-koi-sekogash-izbiraat-postari-i-pozreli-partneri-01.jpg 

Астролозите веруваат дека хороскопскиот знак игра голема улога кога жените избираат партнер.

Според нив, жените родени во следниве три хороскопски знаци, најчесто избираат постари партнери и за брак и за врска:

Јарец

Жените Јарци се одговорни и совесни, а нивната работа често е на прво место.

Ним им треба партнер кој може да го разбере ова. Овие луѓе отсекогаш биле посериозни од своите врсници.

Имаат силно чувство за одговорност, па работат напорно дури и кога другите се забавуваат.

Постар и позрел партнер може да ја цени нивната амбиција и посветеност на работата.

Бик

Жените Бикови се смирени и присебни, па затоа сакаат покрај себе да имаат некој кој ќе може да им обезбеди сигурност.

Тие се опуштени и затоа претпочитаат да поминат пријатна вечер дома на каучот, отколку да излезат во ноќен клуб.

Затоа често им одговара постар партнер, кој исто како нив, сака мирен живот без многу драми и расправии, исполнет со љубов и разбирање.

Рак

Раковите се чувствителни и им треба многу внимание и љубов во врската.

Иако сакаат да се грижат за другите, тие исто така сакаат да бидат разгалени и некој да се грижи за нив. Безбедноста е најважната работа во нивната врска.

Токму затоа жените Ракови често бараат постар партнер кој е доволно зрел и стабилен да се грижи за нивните емоционални потреби.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 хороскопски знаци кои немаат лош збор за бившите (и зошто) Стрелец: Тие се познати по својот ведар и слободен дух, па знаат дека разделбата...
3 хороскопски знаци кои ќе доживеат голема љубов во 2024-та Бидете отворени за нови познанства, но не влегувајте избрзано во врска за да не ...
5 хороскопски знаци на кои им е најважно да мирисаат убаво Скорпија - Тие сакаат да мирисаат заводливо и интригантно. Сакаат моќни парфеми ...
3 хороскопски знаци кои ќе останат до својот брачен партнер без разлика на сè Рак: Семејството има специјално место во нивното срце. Тие се идеални брачни пар...
4 хороскопски знаци кои сакаат да трошат пари на луксузни работи Рак - Кога станува збор за екстравагантен вкус, тогаш на Раковите никој не им е ...
4 хороскопски знаци кои привлекуваат пари како магнет Скорпиите се природни лидери и имаат вистинска моќ да заработат пари. Нивна...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg