Годишен хороскоп за 2014 година - Водолија

Водолиите се познати по својот пријателски карактер. Некои од карактеристиките кои ги привлекуваат другите кај вас се искреноста и љубезноста. Исто така, довербата ви е силна страна.

godisen-horoskop-za-2014-godina-vodolija-01

Дел од вашата популарност се крие во независноста, заради што може да делувате недостижно и мистериозно понекогаш.

Годишниот хороскоп за Водолиите покажува поголемо интересирање околу животните мистерии кои веќе долго време ве мачат.

Нема да покажете интересирање за луѓе кои во вас не будат креативни идеи, туку ќе се насочите кон оние кои ве исполнуваат.

2014 година ќе биде доста поволна, но сепак подгответе се за мирна година во која ќе ги собирате наградите за веќе вложениот труд.


Работа и финансии

Годишниот хороскоп за Водолија покажува дека оваа година ќе ги собирате наградите кои сте ги заслужиле во изминатата. Можеби нема да доживеете спектакуларен финансиски успех, но ќе напредувате.

Ако некои проекти ви изгледаат навидум тешки, сепак прифатете ги. Подоцна ќе сфатите дека тие ве поттикнуваат на нови и свежи идеи, од кои ви зависи целосната кариера.

Најдобро е да започнете со нови проекти кон крајот на пролетта и да ги развивате веќе започнатите.

Потрудете се да ги оставите долговите зад себе, како и потешкотиите и проблемите за да имате простор за продуктивноста во иднина.

godisen-horoskop-za-2014-godina-vodolija-02

Љубов, Семејство, Пријатели

Ова е година за промени. Често пати ги избегнувате романтичните и интимните односи на долги патеки во корист на својата независност. Сепак, вашата чувствителна природа ќе излезе на виделина кон средината на оваа година.

Тоа значи, дека ќе стапите во врска која има големи шанси да стане длабока и долга. Венера ќе ве натера да уживате во задоволствата на новата врска.

До есен, можноста да го отворите своето срце засекогаш е голема. Не се плашете да се предадете во тој период. Можеби не сте потполно подготвени, но време е да се ослободите од внатрешните стравови.

Вашата немирна природа оваа година ќе ви помогне да го пронајдете совршениот партнер.


Здравје

Во здраво тело, смирен дух. Кога вашиот внатрешен свет ќе почне да се смирува, тек тогаш ќе почувствувате како ја добивате својата енергија назад.

Продолжете да работите на внатрешниот мир и спокојот преку целата година и обидете се да го избегнувате стресот од секој вид.

Нема место за загриженост, затоа што мирната состојба на вашиот ум ќе ги контролира сите физички болести во 2014 година.

Позната личност во знакот на Водолија - Џастин Тимбрлејк

 

godisen-horoskop-za-2014-godina-vodolija-03

Би можело да ве интересира:

Со кој хороскопски знак ќе бидете мизерни во врска, според астрологијата? Девици, вие сте личност која сака да остане на едно место и ја цени својата рути...
Каков тип на жена избира секој хороскопски знак за брак? Сме слушнале за мажите кои излегуваат со некоја девојка, но потоа ја оставаат, б...
Не се обидувајте да го скротите Овенот - Какви дечковци се хороскопските знаци кога се во врска? Рак - Важат за најемотивниот знак, но за да стигнете до нивната душа ќе треба да...
Љубовен хороскоп за декември 2023: Лавови - тајната врска е осудена на пропаст, Ваги - размислувате ... Овен – ако сте во брак, избегнувајте караници, бидејќи не знаете како може да ре...
Зошто ви е тешко да се држите до новите, позитивни навики, според хороскопскиот знак? Овни, премногу сте нетрпеливи, а токму поради ова ви е тешко да се држите до нов...
Што ве прави убави во очите на другите, според хороскопскиот знак (а, не е поврзано со изгледот)? Вашиот прв инстинкт е да им помагате на другите, дури и кога станува збор за лич...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg