Годишен хороскоп за 2015-та година - Девица

Во следната 2015-та година Девиците ќе почувствуваат големи промени на семеен, личен и финансиски план.

godisen-horoskop-za-2015-ta-godina-devica-01

Целиот вложен труд и пожртвуваност конечно ќе даде плод. Искористете ја вашата креативност која ќе ви биде на завидно ниво.

Положбата на планетите ви гарантира интелектуален развој и напредок. Одморајте се почесто во мир и тишина без да размислувате за обврските кои ве чекаат.

Работа

Во професионалниот живот ве чекаат нови прилики и предизвици како и супер однос со соработниците. Тоа ќе ви овозможи да ја зацврстите позицијата во работното опкружување.

Започнете нови професионални задачи и проекти кои ќе ви се одвиваат според планот, а ќе имате и желба за напредок.

Значајна улога ќе има вашиот инстинкт, па затоа најдобро е кога одлучувате да се слушате сами себе.

Кон крајот на 2015 година ќе ви започне некој негативен период кој ќе трае и во цела 2016-та година, а истото мора да го дочекате подготвени за да успеете да се извлечете.


Љубов

Наспроти повремените негативни влијанија на планетите, 2015-та година за вас ќе биде поволна од страна на емотивниот живот.

Ќе ве следи голема желба за промени, но мора да внимавате и да бидете сигурни дали се движите по правиот пат. Повремените поволни влијанија ветуваат година со многу страсти и емоции.

Ова е времето кога може да му покажете на партнерот колку го сакате и цените.

Во втората половина на 2015-та година можно е повремено да имате и кавги, но со кратко траење и без некое посебно значење.

godisen-horoskop-za-2015-ta-godina-devica-1.jpg

Финансии

Бидејќи во претходната година бевте финансиски дисциплинирани, во оваа година вашата финансиска состојба ќе биде поволна и стабилна без преголеми трошоци.

Повремено ќе бидете во искушение да купите или нарачате работи кои и не ви се толку неопходни.

Со тоа ви се советува да бидете порационални и умерени во купувањето. Иако некои поединечни прилики и финансиски трансакции ќе може да ги искористите, сепак ви се предлага разумно штедење.


Здравје и енергија

Оваа година ќе ви биде година на добро психофизичко здравје кое ќе резултира со вишок енергија која секојдневно ќе ја чувствувате.

Ќе имате прилика за добар и квалитетен одмор од работните обврски. Наспроти поволната здравствена ситуација, кон крајот на годината можни се здравствени тегоби поврзани со несоодветно користење на некои лекарства.

Ви се препорачува воведување режим на умерена диета и исхрана, во комбинација со физичка активност на дневна база за да останете во форма.

Би можело да ве интересира:

Финансиски хороскоп за јуни 2023: Кој знак ќе се збогати, а кој ќе има проблеми со парите? Јарец - Можно е зголемување на платата поради добрите резултати и напорната...
Финансиски хороскоп за јули 2023: Кој знак ќе се збогати, а кој ќе има проблеми со парите? Рак - Напорната работа ќе ви донесе финансиска награда. До 24-ти јули треба да г...
Финансиски хороскоп за декември 2023: Кои знаци ќе се збогатат, а кои ќе имаат проблем со парите? Лав - Овој месец ќе имате доволно пари за удобен живот, но не и за луксузирање. ...
Финансиски хороскоп за март 2024: Кои знаци ќе се збогатат, а кои ќе имаат проблеми со парите? Јарец - Во првата половина на март ќе добиете деловна понуда која ви е сомн...
Финансиски хороскоп за октомври 2023: Кои знаци ќе се збогатат, а кои ќе имаат проблем со парите? Близнаци - Иако нема да заработите екстра пари, ова е добар период за проме...
Што сте биле според годината на раѓање во минатиот живот и што ве очекува во иднина? Дали верувате во минати животи и дали мислите дека сегашниот живот може да биде ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg