3 хороскопски знаци со кои не треба да застанете пред олтар

Во добро и во зло, додека смртта не ве раздели? Дали сте сигурни дека го направивте или ќе го направите вистинскиот избор?

3-horoskopski-znaci-so-koi-ne-treba-da-zastanete-pred-oltar-01.jpg

Проверете дали вие или вашиот партнер сте помеѓу 3-те хороскопски знаци кои не се за врзување на долги патеки:

Близнаци

На Близнаците чувствата им се моментални. За разочарувањето да биде уште поголемо, интензитетот на емоции е посебно голем на почетокот од врската, па голем број од Близнаците ќе се знесуваат и додворуваат со денови и месеци... Таман ќе помислите дека сте нашле партнер кој нема да ве напушти, излаже и изневери, а веќе во следниот момент гледате дека тој не е на перницата до вас. Сепак, Близнаците секогаш се враќаат, ако ви е утеха. Ако ви ветуваат бајки, верувајте им затоа што тоа го мислат... барем во тој момент. Ако сте подготвени за живот полн стресови и турбуленции, одберете партнер роден во овој знак.


Стрелец

Ако воопшто се појави пред матичарот, ќе забележите пот на челото и двоумење при секое изговарање на зборовите. Тој веќе е венчан за авантурите, така што вие секако сте во втор план. Неговиот дух има потреба за постојани возбудувања, а домот му е само прибежиште. Тој не знае долго да остане во исто место и во тоа не го ограничувајте, затоа што никогаш нема да направи компромис по цена на својата слобода. Верност? Сериозни сте?

3-horoskopski-znaci-so-koi-ne-treba-da-zastanete-pred-oltar-02.jpg

Водолија

Ако успеете да ги разберете овие чудаци, тогаш ви треба урамено признание. Ако не сте подготвени на постојани журки, брзо темпо и немате кондиција да го живеете животот до максимум, откажете се уште веднаш. Иновациите и константните промени се единствената желба на Водолиите. Затоа, ако веќе сакате бракот да опстои ќе мора да смислувате нови изгледи и распореди за денот кој следува. Во спротивно, ќе ви каже дека сте досадни и ќе ве напушти без око да и трепне.

Се согласувате?

Би можело да ве интересира:

Каков тип на жена избира секој хороскопски знак за брак? Сме слушнале за мажите кои излегуваат со некоја девојка, но потоа ја оставаат, б...
Со каков партнер секој од хороскопските знаци никогаш не би сакал да има секс (и зошто)? Лав - Кога станува збор за сексот, одбивни им се луѓето што изгледаат како озбор...
5 хороскопски знаци кои сами си ги саботираат љубовните врски Близнаци, вие сте импулсивни, а токму со оваа карактеристика си ги саботирате вр...
3 хороскопски знаци кои се најлоши девојки за љубовна врска Девиците се многу критички настроени – и кон себе, и кон нивните партнери. Без р...
Која домашна обврска најмногу му одговара на секој хороскопски знак? Лавови, вие обожавате да миете садови затоа што сте убедени дека никој не го пра...
Бик и уште 3 најромантични мажи според хороскопот Вага - Мажите родени во овој знак се верни, во секоја врска бараат хармониј...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg