Хороскопот открива: Кој е вашиот непријател?

horoskopot-otkriva-koj-e-vashiot-neprijatel-1


Вага

Главни непријатели: „Шефови“

Вагите секогаш се во потрага по смиреност, рамнотежа и „зен“ мир. Токму затоа, не трпат луѓе кои сакаат да им наредуваат и секогаш да бидат главни во секоја група на пријатетли и секогаш да го имаат последниот збор. Тие исто така, не сакаат луѓе кои не можат да признаат дека не се во право.


Скорпија

Главни непријатели: Фантазери

Скорпиите се комплексни, малку драматични и мистични личности и ги нервираат луѓе кои по цел ден фантазираат за нереални работи. На овие луѓе, гледаат како на плитки „будали“ со кои не би сакале да го делат воздухот.


Стрелец

Главни непријатели: Луѓе кои ја сакаат својата земја

Стрелците се енергични луѓе кои се секогаш расположени за нови искуства, запознавање на нови земји, луѓе и патувања. Како такви, тие не можат да ги разберат луѓето кои се сосема задоволни со она  што го имаат и немаат желба да искусат нешто ново. Стрелците сакаат да одат секаде и да видат се.


Јарец

Главни непријатели: Неодлучни луѓе

Јарците се прилично едноставни луѓе и овој свет го набљудуваат од една гледна точка, па не размислуваат за промени. Одговорни се и сериозно ги сфаќаат сите работи кои ги работат, па затоа не им се јасни неодговорните личности и оние кои преку ноќ ги менуваат ставовите и мислењата.


Водолија

Главни непријатели: Традиционални луѓе

Иновативните и неконвенционални Водолии, не сакаат било какви калапи, ограничувања и правила. Токму затоа, нив посебно ги иритираат луѓе кои се држат до традицијата и застарените правила. Водолиите не би сакале сами да ги создадат правилата, туку да ги укинат.


Риби

Главни непријатели: Гласни луѓе

Рибите се чувствителни, интровертни и не се многу зборливи, па посебно ги нервираат комуникативните, гласни „кловнови“ кои на секое собирање мораат да бидат главни.



Би можело да ве интересира:

Љубовниот совет што ви е потребен овој Валентајн, според хороскопскиот знак Бикови, заборавете на љубовните болки од минатото и веднаш ќе забележите промена...
Со каков партнер секој од хороскопските знаци никогаш не би сакал да има секс (и зошто)? Лав - Кога станува збор за сексот, одбивни им се луѓето што изгледаат како озбор...
Годишен хороскоп за 2024: Девица Во 2024-та година, Девиците ќе донесат важни финансиски одлуки, а ги очекуваат п...
Каков ви е односот со вашата мајка, според нејзиниот хороскопски знак? Мајката родена во знакот Бик постојано ќе ви нуди вкусни оброци вам, но и на ваш...
Годишен хороскоп за 2024: Јарец За вас, 2024-та ќе биде година на многу можности, и тоа во секој аспект – кариер...
Што ви го поправа расположението веднаш, според хороскопскиот знак? Овните се чувствуваат најдобро кога победуваат. Тие се најсреќни кога знаат дека...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg