Годишен хороскоп за 2016-та - Водолија

2016-та година е одлична за нови познанства и формирање на нови односи и врски. Ќе бидете склони на критикување и приговарање, а тоа нема да ви помогне во кариерата. Во спроведувањето на плановите и при работата на проектите треба да се концентрирате и на најмалите детали.

godishen-horoskop-za-2016ta-vodolija-01.jpg

Морате да постигнете рамнотежа преку односите со другите, со оглед на тоа што ќе имате променливо расположение. Ова е време на креативност во вашата работа и бидете подготвени да ги промените застарените идеи.

Љубов

Односот на паровите ќе биде хармоничен помеѓу март и јули 2016-та година. Развој на љубовниот однос, посебно ако сте во нова врска, очекувајте меѓу август и октомври 2016-та година. Важните одлуки во врските и одлуката за бременост најдобро е да ги донесете во текот на декември 2016-та. Оние кои се сами ќе имаат можности за излегувања, дружење и влез во нова врска со најголема веројатност во декември.


Кариера

Оваа година е идеална за влез во нови проекти или ново работно место. Ќе имате поволни околности и помош од другите. До јуни ќе бидат видливи резултатите на вашето делување. Ќе бидете посамоуверени на работа. Не ги игнорирајте законите при спроведувањето на вашите планови во дело. Старите пријатели ќе ви помогнат околу нерешените проекти.


Пари

Првиот дел од година е поволен за решавање и подобрување на финансиската состојба. Во текот на април и мај внимавајте на трошоците. Во јуни повторно ќе ви се подобри ситуацијата. Разработете добар финансиски план и сведете ги во рамнотежа приходите и трошоците до крајот на годината. Трошоците на луксузни работи во 2016-та година се непотребни, затоа внимавајте на што ги трошите вашите пари.


Здравје

Помеѓу април и октомври ќе вложувате многу енергија во работата и професионалните цели. Издржливите успешно ќе се носат со стресот, додека другите можат да бидат нервозни и раздразливи. Воспоставете рамнотежа помеѓу напорното работење и потребниот одмор за да го зачувате вашето здравје. Медитацијата ќе ви биде од голема помош.


Семејство

Семејните односи ќе бидат одлични, посебно односот со децата. Во оваа година можете да планирате принова.

godishen-horoskop-za-2016ta-vodolija-1.jpg

Родените од 20-ти до 28-ми јануари

Ќе изградите силни темели во престојната година. Во текот на овој период истакнато ќе биде влијанието на Јупитер и Сатурн. Сатурн симболизира концентрација, ред и зрелост. Јупитер од друга страна пак, укажува на бегство од рутината и влез во нови подрачја. Посветете се на себеси и истакнете ги вашите таленти. Сè она што повеќе не ви користи и ве здржува од напредокот, оставете го зад себе. Имајте храброст за нешто ново и промени.


Родените од 29-ти јануари до 3-ти февруари

Оваа година ќе бидете принудени да остварите радикални промени во вашиот карактер. Вашата интуиција ќе биде силна во текот на 2016-та година и ќе ве води кон остварување на вашите визии и соништа. Ќе ви помогне да откриете што навистина сакате. Ќе изградите силни врски со пријателите и членовите на семејството. Бидете самоуверени и не се двоумете да ја покажете вашата единственост и уникатност.


Родените од 4-ти до 7-ми февруари

Вашето знаење за себе ќе ви помогне да ги покажете вашите таленти во текот на 2016-та година. Со оглед на тоа што ќе станете посвесни за себе и сè околу себе, секојдневните случувања ќе добијат нова смисла. Следете го внатрешниот глас и на темел на тоа донесувајте одлуки и делувајте – така ќе си го подобрите квалитетот на вашиот живот. Повеќе нема да имате потреба како порано за материјални работи и тоа ќе ви го олесни животот.


Родените од 8-ми до 13-ти февруари

Во текот на 20016-та година ќе имате потреба да побарате духовно водство за да остварите промени во вашиот карактер. Самосвеста ќе ви биде развиена и на повидок ќе излезат траумите од минатото. Само така ќе можете да откриете нешто ново за себе, да ги откриете вашите вистински способности и да се ослободите од недостатоците. Оставете зад себе сè што не ви користи и посветете се на она што ве прави среќни.


Родените од 14-ти до 18-ти февруари

Насочувањето кон минатото и поранешните искуства ќе ви помогнат да одредите нова насока во која сакате да се движите. Пред да ги одредите новите цели, морате да откриете што влијаело на вашите одлуки во минатото. Откријте ги старите трауми и работите кои ве мачеле во минатото, за да можете да се ослободите од нивното влијание. Оваа година добро е да се посветите на духовните аспекти во вашиот живот за да дојдете до похармоничен, помирен и посреќен живот.


Заклучок:
Во текот на 2016-та година мора да им дозволите на големите промени да се случат, ако сакате да имате подобра иднина.

Би можело да ве интересира:

Со кој хороскопски знак никогаш не би требало да почнувате врска (иако привлечноста меѓу вас е магне... Близнаците се мошне љубопитни по природа, па затоа воопшто не зачудува тоа што о...
Кој ви е најсреќниот ден од неделата, според хороскопскиот знак? Лавови, вашиот среќен ден е недела. Овој ден е владеен од Сонцето – небесното те...
Каков ви е односот со вашата мајка, според нејзиниот хороскопски знак? Мајката родена во знакот Бик постојано ќе ви нуди вкусни оброци вам, но и на ваш...
Годишен хороскоп за 2024: Бик Ако сте во брак, ќе треба да научите да не дозволите ситните расправии да прерас...
Кои број и боја ќе бидат среќни за секој хороскопски знак во 2024-та? Водолија - Ваш среќен број е 9. Ќе затворите некои стари поглавја и ќе почнете н...
Финансиски хороскоп за ноември 2023: Кои знаци ќе се збогатат, а кои ќе имаат проблем со парите? Рак - Во ноември намалете ги трошоците. Престанете да се расфрлате со ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg