Гледање на кафе, камења или руни: Какви скриени таленти има секој хороскопски знак?

Секој знак е подложен на одредена окултна дисциплина, дури и кога истата не е нагласена. Било да се работи за кристална кугла, карти или нешто друго.

Skrieni-sklonosti-na-horoskopskite-znaci

Ова се скриените склоности на хороскопските знаци:

Овен

Припадниците на овој знак често водат турбулентен живот и се занимаваат со многу нешта. Тие имаат тешкотии да направат разлика помеѓу емоции и желби. Окултните способности за Овните се поврзани со главата. Најмногу им одговара толкување на соновите. Ги интересира френологија и толкување на карактерот со помош на црти на лицето, говорот на телото... Исто така им одговараат методи кои даваат брзи резултати, како руни, коцки, карти...


Бик

Окултните способности на Биковите се развиваат бавно, но темелно. Како и другите земјени знаци, најмногу го користат телото. Имаат тенденција да ја предвидат иднината, потсвесно да ги препознаваат ликовите и симболите. Нумерологијата е идеална дисциплина за нив.


Близнаци

Хиромантија и истражување на карактерот се идеални дисциплини за Близнаците. Исто така, често сакаат да гледаат на тарот карти и имаат телепатски способности.


Рак

Тие почнуваат да ја чувствуваат нивната средина и да размислуваат за луѓето околу нив скоро од раѓање. Многу Ракови, особено мажите, не сакаат да го признаат тоа. Често се чувствуваат необјасниво тажни поради влијанието на месечината. Добиваат информации од сегашноста или иднината во форма на слики. Тие, исто така, можат да го чујат она што некој ќе го каже пред да почне да зборува. Добри се во предвидување на настани, а особено им прилега гледање на кафе, чај или кристал.


Лав

Весели, великодушни и топли се карактеристиките кои ги поседуваат Лавовите, а ги прават исклучително чувствителни на луѓето околу нив. Тие можат успешно да пренесуваат терапевтска енергија. Во можност се да лекуваат со својата радост, оптимизам, енергија и топлина. Друг интересен факт е дека многу астролози се родени во овој хороскопски знак.


Девица

Припадниците на овој знак имаат неверојатни психички способности. Голем дел од најдобрите лекари и терапевти се родени под овој знак. Ги привлекува анализа на карактер преку спонтани цртежи или шари. Понекогаш имаат точни претчувства за идните настани.

Уште 6 хороскопски знаци на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Што ви предизвикува анксиозност, според хороскопскиот знак? Бик - Најважно ви е луѓето да знаат дека сте компетентни и професионални. Затоа ...
Хороскопските знаци рангирани од најлојален до најмалку лојален Иако Скорпиите не се секогаш најдобри во врските со партнерот, семејството или п...
3 хороскопски знаци кои се најлоши девојки за љубовна врска Девиците се многу критички настроени – и кон себе, и кон нивните партнери. Без р...
Како да се ослободите од насобраниот гнев, по ретроградниот Меркур? Рак - Како мошне емотивни луѓе, вие сте под стрес пред, за време и по ретроградн...
Финансиски хороскоп за јуни 2023: Кој знак ќе се збогати, а кој ќе има проблеми со парите? Јарец - Можно е зголемување на платата поради добрите резултати и напорната...
5 хороскопски знаци кои никогаш не даваат втора шанса Гордоста е она што не им дозволува на Лавовите да простат и да дадат втора шанса...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg