Што најтешко заборава секој хороскопски знак: Овенот понижување, Лавот спомени

sto-najtesko-zaborava-sekoj-horoskopski-znak-ovenot-ponizuvanje-lavot-spomeni-2.jpg

Вага

Вагата никогаш нема да заборави и прости неправда или понижување, и тоа баш тогаш кога била најуспешна. Родените  во овој знак се вечни борци, посебно против неправдата, па вкусот на пораз може да ги донесе пред искушение за одмазда. Уште една работа која никогаш не ја заборава е дека луѓето не се онакви какви што вие ги доживувате и тоа го има почувствувано на своја кожа.


Скорпија

Скорпијата не заборава ниту еден момент во кој била јавно изложена на критика или неправда, заради која се почувствувала непријатно во поголема група на луѓе. Не сака било кој да ги загрозува нејзините идеали, цели и планови, па ако се обидете - подгответе се за доживотна одмазда. Иако би сакала се да заборави, Скорпијата е можеби најголемото злопамтило во  Зодијакот.


Стрелец

Барем еднаш во животот, на Стрелецот му се случило да излезе наивен затоа што направил погрешен чекор и тоа никогаш нема да си го прости или заборави. Присетувањата на минатото се секогаш тука да го прогонуваат, па од нив ја извлекува лекцијата дека секогаш треба да биде подготвен на најлошото и од секого сè да очекува. Затоа што кога еднаш ќе се изгори од млеко, дува и на јогурт.


Јарец

Јарецот не заборава личности кои искрено ги сакал, а го оставиле. Јарците цел живот ги потхрануваат спомените, се присетува на се што можело да биде и најмногу се кае за зборовите кои не ги изустил. Гледа романтични филмови, сака да напише цел роман, само за да си ги истури емоциите некаде надвор. Тешко заборава и простува неверства од било каков тип.


Водолија

Водолијата никогаш не ги заборава понижувањата на професионален план, дури и кога делува ноншалантно. Ладнокрвноста е само маска и потсвесно потискање на она што ги боли. Водолиите се одмаздници, пред се заради повредената суета, па секогаш имаат црна листа со имиња кои ги понижиле. Лажењето во очи е уште една работа која тешко ја забораваат и простуваат.


Риби

Рибите отсекогаш сакале да заблескаат во јавноста, па се каат за секоја пропуштена прилика. Тогаш меланхоличните Риби се повлекуваат во свој свет и анализираат. Лесно ги мешаат фантазиите со реалноста, па ако случајно се осмелите да им го посочите тоа, очекувајте смртно да ви се налутат.

Д. М. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Една ваша особина поради која луѓето се опседнуваат со вас, според хороскопот Девиците се многу трпеливи - можат да седат, молчат и да слушаат со часови додек...
Колку долго ќе живеете и со кои карактеристики се истакнувате, според еврејскиот хороскоп? Луѓето родени во знакот на Шор (Бик) се стабилни, цврсто стојат на земја со двет...
3 хороскопски знаци кои ги очекува голема финансиска добивка во јануари Први на оваа листа се Близнаците. Родените во овој хороскопски знак конечно можа...
Што да правите во зима за да се чувствувате посреќни, според хороскопскиот знак? Бикови, размислете што можете да промените во домот - дали можеби ќе ставите нек...
4 хороскопски знаци кои се склони кон проблеми со вишок килограми Астрологијата директно не влијае на обликот на телото и на тежината, но, се...
4 хороскопски знаци кои го губат своето „јас“ кога се во врска Стрелци, вие имате проблеми со самодовербата, а поради ова неретко го губите сво...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg