Каков автомобил ќе одбере секој хороскопски знак?

Дванаесетте хороскопски знаци седнуваат на маса, а овој пат темата на разговор се автомобилите.

Kakov-avtomobil-ke-odbere-sekoj-horoskopski-znak-01.jpg

Дознајте кои се нивните желби кога станува збор за ова превозно средство:

Овен: Знаеш колку брз автомобил си купив... црвен, нормално.

Бик: За мене Голф! Класика, стабилен автомобил, тоа е тоа.

Близнаци: Автомобил? Мислиш два автомобила? Што ќе правам само со еден?

Рак: Добро, не мислите малку на другите? Секој треба да има фамилијарен автомобил.

Лав: Види ги, аматери. Па нормално, се знае, лимузина и личен шофер.

Девица: Дечки, нели е најдобро да се купи некој економичен автомобил? Некој што воедно лесно ќе се чисти за да можам секаде да ве возам.

Вага: Јас не можам да се одлучам. Ако не си купам наскоро, ќе ме однесе некој од вас со неговиот автомобил?

Скорпија: Видете ја мојава. Црна, со затемнети стакла. Никој не знае како изгледа внатре.

Стрелец: Автомобил? Да се возам толку километри со автомобил?! Си фаќам авион.

Јарец: Мерцедес бе луѓе, ова прашање и не заслужува друг одговор, уште се мислите...

Водолија: Ама сте снобови. Си има градски автобуси и велосипеди, и со нив се стигнува каде што сакаш.

Риби: Дечки, каде го паркирав автомобилот?

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 хороскопски знаци кои немаат лош збор за бившите (и зошто) Стрелец: Тие се познати по својот ведар и слободен дух, па знаат дека разделбата...
3 хороскопски знаци кои ќе доживеат голема љубов во 2024-та Бидете отворени за нови познанства, но не влегувајте избрзано во врска за да не ...
5 хороскопски знаци на кои им е најважно да мирисаат убаво Скорпија - Тие сакаат да мирисаат заводливо и интригантно. Сакаат моќни парфеми ...
3 хороскопски знаци кои мечтаат за едноставен живот на село (и да си одгледуваат своја храна) Вага: Сакаат да бидат надвор, да уживаат во едноставен живот во рурална средина ...
4 хороскопски знаци кои сакаат да трошат пари на луксузни работи Рак - Кога станува збор за екстравагантен вкус, тогаш на Раковите никој не им е ...
3 хороскопски знаци кои ќе останат до својот брачен партнер без разлика на сè Рак: Семејството има специјално место во нивното срце. Тие се идеални брачни пар...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg