Овенот бара вежби, Лавот чита за патување: Што чита онлајн секој хороскопски знак?

ovenot-bara-vezbi-lavot-cita-patuvanje-kakvi-strani-go-interesiraat-sekoj-horoskopski-znak-2.jpg

Вага

Вагите на интернет ги истражуваат убавината, уметноста и модата. Слушањето музика и гледањето филмови на интернет им се главна забава и непресушна потреба. Музиката и убавината мораат постојано да ги опкружуваат. Понекогаш знаат да пребараат и по некој рецепт.

Наш предлог: Убавина, Мода

Скорпија

Скорпиите можеби не се единствени, но се најбројни од оние кои сакаат да читаат еротски и љубовни содржини. Истражуваат, исто така, и теми за здравјето, психологијата, паранормалните активности и алтернативната медицина.

Наш предлог: Љубов и секс, Интересно

Стрелец

Стрелците сè ги интересира, не постои област која не им е интересна. Но, сепак, предноста ја даваат на забавните страни и содржини, на содржините каде можат да читаат за музика и патување. Обожаваат да читаат интернет страни кои не се на нивниот мајчин јазик, а не пропуштаат и содржини во врска со спортот и некои светски новости.

Наш предлог: Забава, Филм

Јарец

Јарците во главно истражуваат теми кои се поврзани со нивната кариера и за работата со која се занимаваат. Сакаат класични работи, практични страни, „направи сам“ содржини и сè што може да им го подобри животот. Но, не сакаат долго да седат на интернет. Работните мејлови им се најважна работа.

Наш предлог: Кариера, Домаќински совети

Водолија

Водолиите најмногу од сите го сакаат онлајн животот, бидејќи сметаат дека на интернет можат да најдат сè што ги интересира. Го користат за да бидат во контакт со сите значајни личности, но и да ги унапредат своите знаења во различни области.

Наш предлог: Новости, Факти и цитати

Риби

Рибите сакаат да истражуваат разно разни интернет страни. Од толкување на соништа, астрологија и паранормални активности, до уметност и поезија. Рибите се како Стрелците, сè ги интересира, а онлајн гледањето на филмови и серии им е омилена забава. Доста време поминуваат на форумите.

Наш предлог: Астро, Евергрини

Н. Г. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Со каков партнер секој од хороскопските знаци никогаш не би сакал да има секс (и зошто)? Лав - Кога станува збор за сексот, одбивни им се луѓето што изгледаат како озбор...
Каков тип на жена избира секој хороскопски знак за брак? Сме слушнале за мажите кои излегуваат со некоја девојка, но потоа ја оставаат, б...
Кое е вашето животно мото, според хороскопскиот знак? Рак - Домот е онаму каде што е срцето. Во животот, сите се водиме според некои н...
Позитивните и негативните страни на љубовната врска со секој хороскопски знак Со Вагите ќе доживеете љубов како на филм, но нема да бидете ниту свесни дека ти...
Што најмногу мразите (но не признавате), според хороскопскиот знак? Бик - Овие луѓе мразат кога некој им кажува што треба да прават и наместо да ја ...
Кој штеди, а кој троши повеќе отколку што има: Какви се хороскопските знаци со парите? Скорпиите го штедат поголемиот дел од заработката и обично трошат само на неопхо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg