Нумерологијата и љубомората: „Двојките“ се безусловно верни, „осмиците“ склони на флерт

numerologijata-i-ljubomorata-dvojkite-se-bezuslovno-verni-osmicite-skloni-na-flert-1.jpg

Личен број 1

Сакаат да бидат сакани, а ако само малку се посомневаат, ете ги љубоморните сцени. Често ги кријат своите емоции и не покажуваат љубомора. Партнерот мора добро да ги познава за да знае за што станува збор. Не сакаат нивниот партнер да има пријатели од спротивниот пол. Ако помислите да кокетирате, очекувајте бура.

Личен број 2

Верни личности кои истото го очекуваат и од саканата личност. Безусловно. И најмалиот сомнеж во посветеноста на партнерот, длабоко ќе ги повреди и тогаш воопшто нема да ја кријат љубомората.

Личен број 3

Сакаат да играат, флертуваат и да бидат забавни пред друштвото. Не покажуваат љубомора, ако партнерот кокетира со други и веруваат дека нема ништо лошо во тоа. За нив менталната врска е далеку поважна од физичката, а во тој случај отворено ја покажуваат својата љубомора.

Личен број 4

Знаат понекогаш да глумат дека се повредени и тогаш кога не се, за кај партнерот да предизвикаат грижа на совест и така уште посилно да го приврзат за себе. Посветени се и верни, па треба да имате трпение за нивното променливо расположение. Склони се да направат проблем од ситница.

Личен број 5

Ќе бидат многу љубоморни, ако партнерот покаже воодушевување кон некоја друга личност, но ако се посомневаат дека таа личност навистина е поубава, поуспешна и попаметна ќе бидат загрозени. Не сакаат да губат и љубомората отворено ја изразуваат.

Личен број 6

Верни, но и љубоморни. Сакаат да ја задоволат саканата личност, а ако забележат дека тоа не го цени доволно, ќе станат посесивни. Самите не сакаат да флертуваат, а ако партнерот го прави тоа, ќе се навредат и стануваат агресивни. И најмалиот сомнеж предизвикува љубомора.

Личен број 7

Сакаат партнерот да им ласка и да им дели комплименти, а бидејќи се многу интуитивни, веднаш знаат кога партнерот не им е верен. Ако постигнат хармонија во љубовта, никогаш нема да покажат љубомора.

Личен број 8

По природа се многу љубоморни, бидејќи се опседнати со љубовта и сексот. Сакаат да флертуваат и не пропуштаат шанса за освојување или авантура. Интуитивни се и лесно ги препознаваат туѓите емоции, а љубомората им е составен дел од животот.

Личен број 9

Многу се либерални и подготвени се да простат и изневерување, но само во тој случај кога станува збор само за физичка приврзаност. Ако забележат и духовна поврзаност, бурно реагираат. Најважно им е со партнерот првенствено да бидат пријатели, а потоа љубовници.

Н. Г. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Со каков партнер секој од хороскопските знаци никогаш не би сакал да има секс (и зошто)? Лав - Кога станува збор за сексот, одбивни им се луѓето што изгледаат како озбор...
Кој е вашиот несреќен број (и зошто), според хороскопскиот знак? Овен - Вашиот несреќен број е седум. Овој број има навистина негативно влијание ...
Кое е вашето животно мото, според хороскопскиот знак? Рак - Домот е онаму каде што е срцето. Во животот, сите се водиме според некои н...
Каков тип на жена избира секој хороскопски знак за брак? Сме слушнале за мажите кои излегуваат со некоја девојка, но потоа ја оставаат, б...
Кој е вашиот најсреќен ден во 2024 година, според хороскопскиот знак? Оваа година ситуацијата ќе биде подобра во однос на вашиот љубовен живот, особен...
Што да правите во зима за да се чувствувате посреќни, според хороскопскиот знак? Бикови, размислете што можете да промените во домот - дали можеби ќе ставите нек...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg