Што да очекувате од есен 2016: Јарците ќе бидат депресивни, Биковите ќе го прошират семејството

sto-da-ocekuvate-od-esen-2016-jarcite-ke-bidat-depresivni-bikovite-ke-go-prosirat-semejstvoto-2.jpg

Вага

Оваа есен енергијата насочете ја за да ги решите проблемите во кругот на семејството.

Од важно значење ќе ви бидат мислењата од личности родени во знакот на Риби, Скорпија или Рак.

Љубовните недоразбирања може да се влошат ако не бидете отворени за компромис.

Запознавањето на нови личности ќе ви донесе емотивни промени.

Не заборавајте да им помогнете на роднините во тешките моменти.

Скорпија

Оваа есен очекувајте новитети и важни вести од страна на млада девојка во кругот на вашето семејство. Не ги игнорирајте нејзините предлози.

Многу жени Скорпии ќе го искусат мајчинството токму овој период.

Можни се емотивни нестабилни моменти, но секогаш е подобро кога се надевате на подобро утре. Не ја губете надежта.

Обидете се да бидете потивки и посмирени околу работата. Можна е примамлива понуда за напредок или преселба, но не заборавајте да се консултирате со семејството.

Стрелец

Оваа есен ќе ве изненади со најразлични новости, настани и можности. Среќата ви е повеќе од наклонета.

Кога се работи за успехот, повеќе ценете го она што го имате постигнато, не бидете алчни.

Очекувајте заработка на пари заради помош од личности родени во знакот на Вага, Водолија и Близнаци.

Единствено ќе имате проблем со познаници и колеги кои ќе се обидуваат да ве испровоцираат да ги загубите нервите за тие да ја постигнат целта.

Јарец

Оваа есен може да биде извор на грижи и анксиозност.

Тешко ќе комуницирате со Јарците, па затоа најдобро е да се оддалечите од нив.

Обрнете повеќе внимание на децата и старите лица во вашето семејство.

Бизнис состаноците кои ќе се одржуваат оваа есен ќе ви го одредат тонот на 2017-та година, па затоа не бидете мрзеливи и не отсуствувајте од работата.

Водолија

Деловниот успех ќе ви биде потпомогнат од жена родена во знакот на Водолија, затоа не ги игнорирајте сомислениците.

Треба да бидете поактивни и похрабри ако сакате да ви се случат промени на секое поле.

На приватен план бидете поодлучни кога се работи за семејниот буџет или промената на домот.

Не дозволувајте добрите љубовни шанси да бидат уништени со конфликт или љубовна сцена предизвикана од трета личност.

Риби

Оваа есен можни се парични проблеми предизвикани од несоодветни приоритети.

Новите пријателства ќе ве наполнат со позитивна енергија и ќе ви дадат желба да го промените животот, затоа не и се препуштајте на депресијата и анксиозноста.

Благодарение на пријателски совет ќе постигнете сериозни деловни успеси.

Можни се лоши вести поврзани со жена во вашето семејство. Грижете се повеќе за роднините со време.

М. Д. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Каков тип на жена избира секој хороскопски знак за брак? Сме слушнале за мажите кои излегуваат со некоја девојка, но потоа ја оставаат, б...
Што сте биле според годината на раѓање во минатиот живот и што ве очекува во иднина? Дали верувате во минати животи и дали мислите дека сегашниот живот може да биде ...
Еротски хороскоп за 2024: Кој ќе биде склон на афери и прељуби, а кој е опседнат со „сродната душа“? Бик - Ќе сакате да дознаете што е можно повеќе за скриените желби и фантазии на ...
Која секси игра на улоги му е омилена на секој хороскопски знак (и зошто)? Во голем број текстови се спомнува секси играта на улоги како начин да ѝ дозволи...
Кој метод на штедење ќе биде најефикасен за вас во 2024-та, според хороскопскиот знак? Девиците ќе заштедат така што ќе научат нови вештини, а Скорпиите треба да се др...
Што ве прави убави во очите на другите, според хороскопскиот знак (а, не е поврзано со изгледот)? Вашиот прв инстинкт е да им помагате на другите, дури и кога станува збор за лич...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg