Љубовен хороскоп за октомври 2016-та: Рибите ќе пребираат, Биковите ќе бидат мета за флерт

ljuboven-horoskop-za-oktomvri-2016-ta-ribite-ke-prebiraat-bikovite-ke-bidat-meta-za-flert-2.jpg

Вага

Октомври за многу Ваги ќе биде одлучувачки месец. Ќе имате сила и желба да го кажете она што ве мачи и она што ви пречи, па за тоа ќе разговарате конструктивно и цивилизирано. Токму заради тоа очекувајте сериозни разговори и за иднината на врската. Овие отворени разговори се одлични и за слободните Ваги, кои конечно на тој начин ќе ги откријат јасните намери на спротивната страна. Октомври ќе биде динамичен и ќе ви означи напредок во сексуалниот живот. Слободните Ваги веројатно ќе остварат напредок на ова поле со нови познаници.

Скорпија

На зафатените Скорпии им се препорачуваат бегства од реалноста и романтични патувања ако сакаат да ги затоплат односите. Последниве неколку месеци немавте време за врска и љубов, но и сега не е доцна, па трудот кој ќе го вложите ќе ви се врати дупло. Октомври е месец за добро расположение, што позитивно ќе се одрази на вашите сексуални апетити. Кога се работи за слободните Скорпии, советуваме малку да се опуштат, бидејќи ништо не може и не мора да е совршено, па ни самиот партнер. Може да имате шанса за нова квалитетна врска со личност која не е во согласност на вашите критериуми, но оставете времето да ви покаже на што сте.

Стрелец

Многу страсти ќе ви го означат овој октомври. Речиси се ќе подредувате според вашето лично задоволство, од што сексуалниот живот ќе ви профитира, а партнерот ќе биде неверојатно среќен и задоволен. Оние кои се веќе во брак ги очекува проширување на семејството. Ваквото емотивно и еротско расположение ќе владее и кај слободните припадници на овој знак, така што октомври нема да биде здодевен. Важно е да не барате емоции онаму каде што давате само физичка близина.

Јарец

За Јарците октомври ќе биде мирен месец во кој ќе имаат честа потреба да се наоѓаат во кругот на семејството, пријателите и се разбира партнерот. Ако планирате сериозен разговор, ова е идеален период да го реализирате. Јасно одредете ги идните чекори за да нема недоразбирања. Можно е да почувствувате мала монотонија. Слободните Јарци треба да ги прифатат сите шанси за нови патувања. Познанствата во странство може да се продлабочат и да прераснат во сериозна врска за кратко време.

Водолија

Ќе бидете доста попустливи кон партнерот овој месец, што ќе ви оди во прилог на врската и љубовта. Најдете баланс меѓу отстапките и она што е карактеристично за вас - ексцентричните идеи. Возбудата и динамиката треба да ја одржите по секоја цена, бидејќи монотонијата за вас значи крај. Слободните Водолии ќе бидат расположени само за авантури и страствени односи, па можно е да наидете на проблеми од партнерот кој ќе го одберете. Внимавајте при изборот.

Риби

Октомври за Рибите носи ситни проблеми во врската. Очекувајте чести несогласувања и кавги, во кои мора да го сослушате партнерот ако сакате брзо да ги надминете. Смирете ги страстите и воочете ги сопствените грешки. Важно е да се однесувате како тим, а не одвоено, ако сакате да успеете. Слободните Риби ќе имаат многу шанси да го променат статусот. Не претерувајте со високите критериуми и намерното барање игла во сено.

М. Д. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

4 хороскопски знаци кои го губат своето „јас“ кога се во врска Стрелци, вие имате проблеми со самодовербата, а поради ова неретко го губите сво...
Не се обидувајте да го скротите Овенот - Какви дечковци се хороскопските знаци кога се во врска? Рак - Важат за најемотивниот знак, но за да стигнете до нивната душа ќе треба да...
Каков тип на жена избира секој хороскопски знак за брак? Сме слушнале за мажите кои излегуваат со некоја девојка, но потоа ја оставаат, б...
Љубовен хороскоп за декември 2023: Лавови - тајната врска е осудена на пропаст, Ваги - размислувате ... Овен – ако сте во брак, избегнувајте караници, бидејќи не знаете како може да ре...
Љубовен хороскоп за октомври 2023: Овни - потрудете се да ја спасите врската, Ваги - нема да ви недо... Стрелци - подготвени сте да преземете поголема одговорност за вашите постапки. А...
Љубовен хороскоп за февруари 2024: Вага - мислите дека партнерот ве изневерува, Овен - љубоморни исп... Скорпија - Ако овој месец влезете во нова врска, личноста со која ќе почнете да ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg