Според хороскопот: Кои карактеристики им се најпривлечни на мажите?

sto-ve-privlekuva-kon-nea-spored-horoskopot-1.jpg

Вага

Таа знае како да ги балансира работите и врската со неа нема да ви предизвикува недоумици и проблеми. За неа луѓето, настаните,  деталите и специјалните прилики се од големо значење. Нејзиниот приоритет се нејзиното семејство и пријателите затоа, никогаш не ја ставајте во позиција да треба да одбере. Таа премногу верува во љубовта, што значи дека вашата љубов кон неа ќе биде ценета и возвратена. Никогаш нема да го заборави првиот пат кога сте се сретнале, кога сте ѝ изјавиле љубов, или кога сте ја бакнале. Нејзината верба кон луѓето е неизмерна затоа, оваа девојка ќе направи да се чувствувате како најсаканата личност на овој свет.

Скорпија

Таа многу се труди да ве направи среќен. Едноставна е, елегантна и речиси е невозможно да не ја забележите. Таа ги цени и малите работи и ужива во секоја авантура. Сака книги и повеќе е ориентирана кон духовните отколку кон материјалните добро. Подарете ѝ книга и освојте го нејзиното срце. Толку е едноставно. Таа има двојна природа.  Нејзината духовна, смирена и мудра страна, како и авантуристичкиот дух во неа кој во многу наврати ќе ве изненади.

Стрелец

Ако барате независна личност, која нема да ве гуши во никаква смисла, ова е девојката за вас. Таа е опуштена, задоволна со самата себе и не зависи од никој. Таа знае да донесува добри и осмислени одлуки. Сака музика и е доста талентирана во повеќе области. Таа можеби не е романтична но, нејзината страст и љубовта кон слободата ќе ве освои. Во нејзините очи ќе видите ѕвезди, нејзиното присуство ќе ви стане силна потреба и нема да биде тешко да ве привлече засекогаш.

Јарец

Малку конзервативни но, не се комплицирани. Таа е целосна личност, која се согласува со сите. Има пријателска природа, и лесно е да ја чувствувате како блиска, иако не ја познавате долго време. Нејзината грижа за луѓето и работите околу неа е огромна. Нејзиниот традиционален и одговорен карактер ќе направи да се чувствувате безбедно и сигурно. Љубовта на оваа девојка нема рок, сè додека ја почитувате и поддржувате ќе добиете незаменлива партнерка и пријателка.

Водолија

Можеби е тивка и едноставна но, секогаш можете да бидете сигурни во нејзината лојалност и искреност. Иако е повлечена, ќе се изненадите од нејзините отворени видици кон светот и нејзината независна природа. Таа е позитивна, среќна и исполнета девојка. Еден едноставен гест со цвет може да ја радува со денови. Таа е толерантна и мирна но, доколку се почувствува загрозено ќе ја доживеете нејзината борбена страна.

Риби

Под изгледот на скромна и едноставна девојка се крие прекрасен ум кој ќе ве изненади. Во многу наврати ќе направи да се чувствувате подредено но, нејзиниот дух силно ќе ве привлече. Оваа девојка, успева да задржи сечие внимание со нејзиниот разговор, и доколку цел ден го поминете со неа, повторно ќе се чувствувате продуктивно и мотивирано. Нејзиното нежно срце ќе направи да се вљубувате во неа, секој ден одново и сè повеќе. Таа ќе ви го подари целото внимание кое ви е потребно но, исто така може да се повлече, ако нејзината љубов е злоупотребена.

И. И. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Што сте биле според годината на раѓање во минатиот живот и што ве очекува во иднина? Дали верувате во минати животи и дали мислите дека сегашниот живот може да биде ...
Еротски хороскоп за 2024: Кој ќе биде склон на афери и прељуби, а кој е опседнат со „сродната душа“? Бик - Ќе сакате да дознаете што е можно повеќе за скриените желби и фантазии на ...
Каков тип на жена избира секој хороскопски знак за брак? Сме слушнале за мажите кои излегуваат со некоја девојка, но потоа ја оставаат, б...
Годишен хороскоп за 2024: Овен Во 2024-та, Овните ќе имаат можност за значителен напредок на професионално поле...
Зошто ви е тешко да се држите до новите, позитивни навики, според хороскопскиот знак? Овни, премногу сте нетрпеливи, а токму поради ова ви е тешко да се држите до нов...
Што ве прави убави во очите на другите, според хороскопскиот знак (а, не е поврзано со изгледот)? Вашиот прв инстинкт е да им помагате на другите, дури и кога станува збор за лич...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg