Тие се најголемите плачковци, но и најголемите душички од сите хороскопски знаци

Некои хороскопски знаци се поемотивни од останатите „тврди оревчиња“. Искажувањето чувства за нив е сосема нормално, па иако потсмешливо ги етикетираат овие два знака како најголемите плачковци во Зодијакот, сепак можете да сметате на нив.

Tie-se-najgolemite-plackovci-no-i-najgolemite-dusicki-od-site-horoskopski-znaci-01.png

Тие се едноставно одлични пријатели и рамо за поддршка. Тука е секако, емотивниот:

Рак

Тој чувствува онолку емоции како за останатите 10 знаци во зодијакот. Но, луѓето лесно успеваат да го повредат, па Ракот се затвора во школка и често пати на прв поглед делува ладно, незаинтересирано и бесчувствително. Вистината е сосема спротивна.

Кога нападите се насочени кон неговите сакани и семејството, Ракот умее болно да штипне. Верен, интуитивен и романтичен, Ракот не успева да ги скрие солзите на тажен филм или песна, како и романтичен брачен предлог или свадбена веселба.

Но, тој е вистински другар. Секогаш тука, со подготвено рамо за плачење. Ќе направи да се чувствувате удобно и заштитено. За возврат сакаат почитување и добра гурманска храна.


Вториот хороскопски „плачко“ е:

Риби

Мистични, со две спротивставени страни, Рибите најдобро се опишуваат како лебдачи помеѓу реалноста и соништата. Особено се интересираат за менталниот живот, потсвеста, емоциите и интуицијата и се обидуваат да ги сфатат и да се поврзат со луѓето на спиритуално ниво.

Кај Рибите не постои простор за агресија. Пополека – подалеку, тоа е нивното мото. Нежни и емоционални, Рибите со сета душа сакаат да им помогнат на луѓето да постигнат внатрешен баланс, мир и хармонија.

Неретко се прелажуваат, бидејќи сметаат дека секој човек има чисто срце и некаква добрина во себе. Рибите се спокојни, мечтателни, скромни и многу емотивни.

За возврат на пријателството сакаат безгрижно танцување и долги прошетки покрај вода. 

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 хороскопски знаци кои немаат лош збор за бившите (и зошто) Стрелец: Тие се познати по својот ведар и слободен дух, па знаат дека разделбата...
3 хороскопски знаци кои ќе доживеат голема љубов во 2024-та Бидете отворени за нови познанства, но не влегувајте избрзано во врска за да не ...
5 хороскопски знаци на кои им е најважно да мирисаат убаво Скорпија - Тие сакаат да мирисаат заводливо и интригантно. Сакаат моќни парфеми ...
4 хороскопски знаци кои сакаат да трошат пари на луксузни работи Рак - Кога станува збор за екстравагантен вкус, тогаш на Раковите никој не им е ...
3 хороскопски знаци кои ќе останат до својот брачен партнер без разлика на сè Рак: Семејството има специјално место во нивното срце. Тие се идеални брачни пар...
3 хороскопски знаци кои мечтаат за едноставен живот на село (и да си одгледуваат своја храна) Вага: Сакаат да бидат надвор, да уживаат во едноставен живот во рурална средина ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg