Љубовен хороскоп за март: Вагите ќе се вратат на бившите, Рибите ќе ги помешаат љубовта и работата

ljuboven-horoskop-za-mart-ovnite-kje-iskusat-intenzivni-strasti-ribite-gi-meshaat-ljubovta-i-karierata-1.jpg

Вага

Венера, планетата на љубовта и владетелот на Вагите ќе се најдат во првата куќа во март. Досега, Венера беше ретроградна, а тоа може да значи неколку различни работи. Поранешната љубов може да ви дојде во мисли, личноста со која сте се обиделе да направите нешто, ама ништо не се случило, повторно може да се врати во вашиот живот или повторно да се врати некој стар проблем кој ќе треба да го анализирате. Во секој случај, работите морате добро да ги анализирате за да продолжите понатаму. На крајот од месецот ќе се запрашате себеси што навистина сакате од врската и вашиот партнер.

Скорпија

Со Сонцето во куќата на љубовта и сексуалноста, животот на Скорпиите во првите две декади од март, ќе биде исполнет со страсти и еротика. Во последните две декади, ќе чувствувате поголем ентузијазам и инстинктивно ќе се поврзете со другите. Ќе ви се засили и потребата за заведување, преземање на иницијатива и играње. На крајот од месецот потребно е да внимавате и да не ги мешате љубовниот и професионалниот живот, колку и да ви делува тоа стимулирачки.

Стрелец

Ретроградната Венера ќе го насочи вашето внимание кон темелните елементи на среќа во врската. Тоа ќе ве натера да бидете во потрага по повеќе сензуалност, страст и романтика во врската, па и поголема шанса да го најдете тоа што ве прави среќни и ве исполнува. Март ќе биде исполнет со многу емотивни искуства, а случувањата ќе бидат различни, од заљубување до незаборавни искуства, сомнежи, страдање, обнова на врската или прекин, ако не функционира. Треба да знаете дека што и да се случува во вашиот живот, се случува со причина, а таа причина лежи во вашата желба да дојдете до тоа што најмногу го посакувате.

Јарец

Венера, планетата на љубовта и паровите, е ретроградна, па заради тоа може да се насочите кон минатото и ќе се поврзете со личностите со кои долго време не сте биле во контакт. Вашиот интерес во главно ќе биде насочен кон семејството и вашите родители можат да се вмешаат во вашиот љубовен живот. Ако го гледате тоа од друг агол, астралниот склоп на планетите ќе ве натера да бидете во потрага по интимен, мирен, традиционален и конзервативен пристап на животот во пар. На крајот од месецот, работите можат да станат поинтензивни и да бидете во потрага по авантури.

Водолија

Овој месец време е да размислите добро за одредени делови од вашиот љубовен живот. Тоа може да значи дека треба повторно да се навратите на одредени ситуации или некои ситуации уште еднаш да ги повторите. Кон крајот на месецот, заради положбата на Сонцето, можат да ви се појават и финансиски грижи кои ќе влијаат и на вашиот љубовен живот или љубовните ситуации можат да влијаат на одлуките кои ќе ги носите околу финансиите.

Риби

Врската повторно ќе ви биде во прв план во текот на првиот дел од март 2017-та година. Време е да ги засилите вашите сензуалност, привлечност и шарм, ако сакате работите да се одвиваат според вашите желби. Во вториот дел од месецот ќе се засилат вашите други интереси како домот, кариерата и финансиите. Постои голема можност да дојде до испреплетување на љубовниот и професионалниот живот. Тоа значи дека можете да најдете заеднички финансиски интереси со саканата личност или партнерот да ве поддржува во вашата желба за поголема заработка. Во секој случај, љубовниот живот ќе влијае на одлуките кои ќе ги носите за вашата материјална ситуација.

Н. Г. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Кој е вашиот најсреќен ден во 2024 година, според хороскопскиот знак? Оваа година ситуацијата ќе биде подобра во однос на вашиот љубовен живот, особен...
Што да правите во зима за да се чувствувате посреќни, според хороскопскиот знак? Бикови, размислете што можете да промените во домот - дали можеби ќе ставите нек...
Што сте биле според годината на раѓање во минатиот живот и што ве очекува во иднина? Дали верувате во минати животи и дали мислите дека сегашниот живот може да биде ...
Кој ви е најсреќниот ден од неделата, според хороскопскиот знак? Лавови, вашиот среќен ден е недела. Овој ден е владеен од Сонцето – небесното те...
Што ве прави убави во очите на другите, според хороскопскиот знак (а, не е поврзано со изгледот)? Вашиот прв инстинкт е да им помагате на другите, дури и кога станува збор за лич...
Ретроградна Венера од 22 јули ќе донесе драма и љубовни промени - Како ќе влијае на хороскопските зн... Овен - Ретроградната Венера во вашиот живот може да врати некоја стара љубов (шт...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg