Скорпиите скокаат од карпи, Лавовите се соблекуваат голи: Како ќе го препознаете секој хороскопски знак на плажа?

skorpiite-skokaat-od-karpi-lavovite-se-soblekuvaat-goli-kako-ke-go-prepoznaete-sekoj-horoskopski-znak-na-plaza-02.jpg

Вагите лесно ќе ги познаете бидејќи се меѓу најзгодните, имаат најголема чанта со секакви реквизити и се журкаат со друштвото. Досадно им е само да лежат и да се сончаат, па 90% од времето се во вода.

Скорпиите обожаваат плажа и таму се им е забавно – од нуркање, до скокање од карпи до изнемоштеност. Сакаат да му додеваат на партнерот и да иницираат секси игри во вода, во шума, зад карпата... секаде.

Стрелците обожаваат активен одмор, па затоа најмногу пари трошат на скутери и други активности во вода. Сепак, прво ќе се потрудат да фатат добра боја за да има со што да се фалат кога ќе дојдат дома.

Јарците и на плажа се практични до болка, па имаат се што им треба и изгледаат како да се селат на неколку дена. Најголема радост им носат летните книги прочитани додека лежат на лежалка, и секако – прислушувањето на другите.

Водолиите се обично оние кои мирно спијат покриени со пешкир, бидејќи веќе ги испробале сите глупости кои можеле да се пробаат. Ги изнасмеале сите околу себе, испиле добра количина алкохол и сега е време за рестарт.

Рибите едноставно обожаваат лето, па затоа бараат мирни и пусти плажи, без многу луѓе. Покрај излежувањето на плажа, обожаваат пикник и скара со друштво, па затоа не сакаат да се приберат во смештајот. Колку поблиску до морето – толку подобро е нивното мото.

М. Д. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Што ве прави убави во очите на другите, според хороскопскиот знак (а, не е поврзано со изгледот)? Вашиот прв инстинкт е да им помагате на другите, дури и кога станува збор за лич...
Со каков партнер секој од хороскопските знаци никогаш не би сакал да има секс (и зошто)? Лав - Кога станува збор за сексот, одбивни им се луѓето што изгледаат како озбор...
Бик и уште 3 најромантични мажи според хороскопот Вага - Мажите родени во овој знак се верни, во секоја врска бараат хармониј...
Каков тип на жена избира секој хороскопски знак за брак? Сме слушнале за мажите кои излегуваат со некоја девојка, но потоа ја оставаат, б...
Кое е вашето животно мото, според хороскопскиот знак? Рак - Домот е онаму каде што е срцето. Во животот, сите се водиме според некои н...
Хороскопски знаци во кои се раѓаат најдобрите баби и дедовци Кога баба и дедо родени во знакот Риби ќе научат да го користат својот паметен т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg