Љубовен хороскоп за август 2017: Стрелците ќе ја најдат сродната душа, Лавовите не треба да почнуваат врска

ljuboven-horoskop-za-avgust-2017-strelcite-ke-ja-najdat-srodnata-dusha-lavovite-ne-treba-da-pocnuvaat-vrska-02.jpg

Вага

Летото во Вагите ја буди страста, па може да очекувате напната сексуална енергија и тензија на почетокот на месецот. Поради тоа, не почнувајте ништо романтично, туку исклучиво физички.

Ова подеднакво важи и за сингл и за зафатените Ваги, па затоа август е одличен за сексуални експерименти.

Зафатените Ваги не сакајќи може да го натераат партнерот да мисли дека не е доволно добар за нив. Убедете го во спротивното.

Слободните Ваги овој месец имаат најголеми шанси за било каква конекција со некоја платонска симпатија.

Скорпија

Во август стапувате во акција. Ќе имате желба постојано да се движите, да излегувате и да запознавате нови луѓе.

Кај слободните Скорпии ова ќе биде одлична шанса за интересни познанства, додека кај зафатените може да предизвика несогласувања во врската и љубомора.

Ќе бидете заинтересирани за повеќе лица истовремено, без оглед на статусот, па важно е да бидете дипломати и дискретни при додворувањето.

Стрелец

Почетокот на август ќе биде идеален период за нови врски, но нема да биде добар за веќе зафатените Стрелци.

Некои несогласувања во врските ќе доведат до заладување на односите и одвојување, па ако сакате да останете заедно мора да имате челично трпение и разбирање.

Слободните пак, може да очекуваат овој месец да ја најдат сродната душа.

Јарец

Љубовта ќе биде насекаде околу вас и во вашиот знак, па нема да имате место за грижи. Се ќе биде како што ви одговара.

Ќе имате потреба да ги искажете емоциите и да ја покажете нежната страна, што ќе биде одлично и за зацврстување на веќе постоечките врски и за создавање нови.

Сингл Јарците може да се заљубат во личност која не е таква каква што им се претставува, па мора да бидат внимателни. За да избегнете разочарувања, распрашајте се наоколу.

Јарците кои се во врска – обратно. Не треба да ги слушаат советите на другите.

Водолија

Преокупираноста со работата ќе ви ги оддалечи мислите од љубовниот живот, заради што ќе дојде до заладување на односите.

Би требало повеќе да се насочите на емоциите, без оглед на статусот.

Слободните Водолии овој месец ќе најдат љубов во некоја романтична душа, но прашање на време е колку тоа ќе трае. Ништо не форсирајте.

Зафатените Водолии мора да одвојат повеќе време за активности со партнерот.

Риби

Ако имате потреба да донесете некоја важна одлука поврзана со вашиот љубовен живот, подобро е да оладите и да ја одложите. Оставете ги работите какви што се.

Ѕвездите не ви се наклонети, заради што плановите може да тргнат по лош пат.

Имате променливо расположение, па фатални сте за спротивниот пол, без оглед на статусот.

Рибите кои се во врска мора да покажат разбирање и повеќе да размислуваат, додека на слободните им се препорачува да не планираат премногу.

М. Д. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Што најмногу мразите (но не признавате), според хороскопскиот знак? Бик - Овие луѓе мразат кога некој им кажува што треба да прават и наместо да ја ...
4 хороскопски знаци кои го губат своето „јас“ кога се во врска Стрелци, вие имате проблеми со самодовербата, а поради ова неретко го губите сво...
Како реагира секој хороскопски знак кога е гневен (и како да научи да се контролира)? Риби – Тие се мирољубиви луѓе кои не можат лесно да се справат со своите негатив...
Со кој хороскопски знак ќе бидете мизерни во врска, според астрологијата? Девици, вие сте личност која сака да остане на едно место и ја цени својата рути...
Не се обидувајте да го скротите Овенот - Какви дечковци се хороскопските знаци кога се во врска? Рак - Важат за најемотивниот знак, но за да стигнете до нивната душа ќе треба да...
Љубовен хороскоп за декември 2023: Лавови - тајната врска е осудена на пропаст, Ваги - размислувате ... Овен – ако сте во брак, избегнувајте караници, бидејќи не знаете како може да ре...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg