Љубовен хороскоп за декември 2017: Водолиите ќе се соочат со бивши, Лавoвите мора да бегаат од монотонија

ljuboven-horoskop-za-dekemvri-2017-02.jpg

Вага

Ако сте во врска:

Почнувајќи од 1-ви декември, очекувајте сериозни несогласувања и разминувања во мислењата со партнерот. Неочекувано ќе се појават потиснувани проблеми од минатото, кои единствено со компромис ќе ги решите безболно.

Бидете отворени и решавајте го она што сте го запоставувале неколку месеци. Кризата која ќе наиде ќе ве стави на сериозни искушенија.

За среќа, имате пријатели кои ќе ве наведат на правилниот пат. До крајот на декември ќе бидете во можност да му докажете на партнерот какви се вашите искрени намери и тоа ќе донесе склад во последната недела.

Ако сте слободни:

Ако неодамна сте раскинале емотивна врска, ќе ви биде тешко да се помирите и ќе трагате по начини да ја обновите старата љубов.

Ќе се обидувате да контактирате по секоја цена, да го наведете на разговор или страсти. Обидите ќе ви се одбијат од ѕид.

За среќа, кон средината на месецот ќе почнете повеќе да излегувате и да се дружите, што ќе ви донесе нов потенцијал за симпатии. Не споредувате ништо и никого со минатото.

Скорпија

Ако сте во врска:

Од 1-ви декември ќе бидете добро расположени и тоа ќе ви го подобри односот со партнерот. Иницирајте повеќе дружби и активности, заеднички собири и забави.

Важно е да избегнувате неискреност бидејќи партнерот лесно ќе ве препознае кога нешто правите од срце, кога нешто од што морате.

Кон средината на месецот ќе ви се подобри разбирањето и комуникацијата со партнерот, што ќе ви ги затопли односите. До 25-ти декември избегнувајте конзервативни ставови.

Ако сте слободни:

На самиот почеток на декември ќе бидете расположени исклучиво за забава. Дозволете си полежерен пристап.

Доколку се вљубите, ќе бидете склони на идеализирање на личноста, кое за среќа нема да заврши неславно и разочарувачки. Ќе имате добри шанси да ги исполните соништата на поле љубов.

Благодарение на подреденоста на планетите, по 28-ми декември огромни се шансите да започнете нова складна врска.

Стрелец

Ако сте во врска:

Потрудете се со партнерот да ги решите изминатите недоразбирања за да не се таложат. Потребни ви се повеќе разговори за заеднички планови и подобро организирање на заедничкото време.

Во втората половина на декември испланирајте како ќе ги поминете празниците, за да нема кавги. Вашиот партнер има поинакви идеи и замисли од вашите, па ќе мора да најдете компромис.

Декември е во знакот на забавата и добрите заеднички моменти, па потребно е само да покажете повеќе нежност од вообичаено.

Ако сте слободни:

Првата половина на декември ќе биде променлива на поле љубов. Ќе бидете склони на авантури, но нема да се врзувате емотивно, барем не до 15-ти декември.

Благодарение на поставеноста на планетите, токму на тој ден ќе бидете привлечени од некој кој е комуникативен, забавен и полн со иницијатива и шарм.

Ќе започнете да се гледате, а потоа подетално ќе го испланирате заедничкото поминување на празниците. Ова може да биде вовед во нова врска.

Јарец

Ако сте во врска:

Со саканата личност конечно ќе отворите теми за разговор на кои долго молчевте. Вашиот партнер нема да ве разбере најдобро, но ќе ја цени вашата искреност и отвореност.

Препорачливо е да избегнувате тајни средби и да правите било што без знаење на партнерот, без оглед на тоа колку вам ви делува безопасно.

Во втората половина од месецот ќе покажете зголемен интерес за заеднички активности. Предложете места каде може да отпатувате заедно.

Иницирајте поголема интимност, избегнувајте гужви како големи семејни и друштвени собири колку почесто можете. Таму постои голем ризик за конфликти.

Ако сте слободни:

Подолго време ве привлекува некоја личност заради интелигенцијата и начинот на кој делува. Можеби сте имале шанса да соработувате деловно или на некој проект, и токму тогаш ви оставила одличен впечаток.

Обидете се официјалните односи да ги затоплите и да ги претворите во приватни. Променете ја тактиката и покажете повеќе интересирање и симпатии за неговите/нејзините интереси.

Исто така, очекувајте сосема спонтани изјави на љубов од непознати лица. Останете со нозете цврсто на земја.

Водолија

Ако сте во врска:

Уште на почетокот од декември ќе се соочите со несогласувања и недоразбирања. Нема да може да се сложите околу заедничките цели со партнерот, а на површина ќе испливаат работите кои долго време сте ги молчеле и криеле еден од друг.

Можно е да дојдете до тој степен што довербата ќе ви се наруши и односите благо ќе се заладат.

Во втората половина треба да се обидете да ги решите недоразбирањата. Планетите ви се наклонети и владее рамнотежа и хармонија. Празниците ќе ви помогнат во желбата да ги надминете проблемите.

Пружете поголема нежност и искреност за опоравување и враќање на довербата.

Ако сте слободни:

Ќе ве интересираат забавите и излегувањата повеќе отколку новите емотивни врски. Кон средината на месецот ќе запознаете лице кое ќе ве привлече со ведрината, хуморот и оптимизмот. Ќе имате многу теми за разговор.

За жал или за среќа, ќе се појави и личност со која порано сте биле во врска и ќе сака да ги обновите емоциите.

Што и да чувствувате и што и да сакате да одберете, најважно е да не седите на две столчиња.

Риби

Ако сте во врска:

Несогласувањата кои ќе ги имате на почетокот од месецот може негативно да се одразат на заедничките цели, заради што ќе мора побрзо да се сложите на компромис.

Средината на декември ќе ви донесе зближување со саканата личност, но само ако се потпрете на искреноста, топлината и заштитата.

За празниците ќе уживате заедно, а се препорачува патување во странство. Останувањето во рамките на домот може да предизвика незадоволство заради монотонија.

Ако сте слободни:

Очекувајте непланирана средба со личност која порано сте биле во врска. Очекувајте и предлог за повторно зближување. Може да бидете неодлучни бидејќи телото ви вели едно, а срцето сосема друго.

Размислете ги причините зошто раскинавте, па потоа одлучете.

Средината на месецот ќе ви донесе нова љубовна шанса и не треба да ја уништите анализирајќи. Впуштете се во авантура.

М. Д. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Љубовен хороскоп за ноември 2023: Близнаци – ќе ве освои некој странец, Девици – бившата љубов ќе ви... Бик - Подготвени сте на многу работи за кои воопшто не сте сметале дека некогаш ...
4 хороскопски знаци кои го губат своето „јас“ кога се во врска Стрелци, вие имате проблеми со самодовербата, а поради ова неретко го губите сво...
Љубовен хороскоп за октомври 2023: Овни - потрудете се да ја спасите врската, Ваги - нема да ви недо... Стрелци - подготвени сте да преземете поголема одговорност за вашите постапки. А...
Љубовен хороскоп за јануари 2024: Бикови - авантура со колега, Овни - проблеми со љубомора Риби – Најверојатно ќе добиете порака или повик од поранешен партнер кој ќе се о...
Љубовен хороскоп за февруари 2024: Вага - мислите дека партнерот ве изневерува, Овен - љубоморни исп... Скорпија - Ако овој месец влезете во нова врска, личноста со која ќе почнете да ...
Љубовен хороскоп за декември 2023: Лавови - тајната врска е осудена на пропаст, Ваги - размислувате ... Овен – ако сте во брак, избегнувајте караници, бидејќи не знаете како може да ре...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg