Светски фестивал за цртање на тело: Уметнички дела на гола кожа

Светскиот фестивал за боење на телото е одржан во малиот австриски град Поертишах. Уметници од 47 земји од сите страни на светот се собраа во овој град и ги покажаа своите дела кои се сликани исклучиво на гола кожа.

svetski-festival-za-crtanje-na-telo-umetnicki-dela-na-gola-koza-01

Овој настан е опишан како уметничко, музичко и модно шоу, кое оваа година како тема ја има поп-арт културата.

Фестивалот се одржува по 17. пат, а моделите кои претставуваат платно за сликање на уметниците, се вистинска атракција во градот. На себе немале ништо, освен боја и некое парче кое им ги покрива најинтимните делови.

Дезените и боите кои ги користеле уметниците се најразлични, но заедничко им е тоа што сите мора да бидат во поп-арт стил.

По четврти пат победници на овогодинешното издание се Скот Фреј и Медлин Греко.

Би можело да ве интересира:

Брзи првоаприлски маски за деца - може да ги направите во последен миг Направете гроздови од балони, брзо венче за еднорог, или јаготка од хартија... К...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg