Направи сам: 3D ѕидни декорации во домот

6. Писма за писателите

Романтичните души и писателски настроените ќе го обожаваат ѕидот со коверти. Оној дел што се наоѓа пред вашето биро, излепете го со коверти во кои ќе може да си оставате убави пораки, мисли или нешто што ќе ви служи како инспирација. Освен од бели, може да го направите и од разнобојни коверти.

napravi-sam-3d-zidni-dekoracii-vo-domot-8.jpg


7. Уметнички 3D
слики од мек материјал

Покрај цветовите од хартија, доколку сакате нешто посуптилно и понежно, добро е да знаете да ги направите цветовите од мек материјал, кои ќе ги поставите на една плоча, која ќе ви послужи како подлога, а потоа и на ѕидот како уметничка декорација.

napravi-sam-3d-zidni-dekoracii-vo-domot-9.jpg


8. Срце од вински тапи

Ако сте обожаватели на добро вино, тогаш сигурно имате и многу останати тапи од плута. Со помош на лепило, залепете ги тапите една до друга во вид на срце, или некоја друга форма која вам ви се допаѓа. Кога ќе се зацврсти целата инсталација залепете ја или закачете ја на некој ѕид.

napravi-sam-3d-zidni-dekoracii-vo-domot-10.jpg


9. Разлетани пеперутки

Се прават многу лесно и едноставно, а сè што ви е потребно е хартија, ножички и гумено лепило кое го има во сите книжарници. Исечете ја формата, превиткајте ги крилцата и залепете ја каде сакате.

napravi-sam-3d-zidni-dekoracii-vo-domot-11.jpg


10. Вистински цвеќиња на ѕид

Изгледа мошне интересно кога наместо уметничка слика со мртва природа на ѕидот ќе нацртате само рамка, а во неа ќе залепите вистинско суво цвеќе кое може да се допре.

napravi-sam-3d-zidni-dekoracii-vo-domot-12.jpg



Би можело да ве интересира:

Брзи првоаприлски маски за деца - може да ги направите во последен миг Направете гроздови од балони, брзо венче за еднорог, или јаготка од хартија... К...
Идеја од креативна Македонка – како да направите сами држач за велигденски јајца? Креативна Македонка која живее во Холандија со видео постапка покажува како со д...
Креативни велигденски декорации кои се прават од пластични шишиња (за малку пари) Ако сте подготвени да ги користите своите вешти раце, тогаш инспирирајте се...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg