Наместо да го влечете багажот, измислено куферче на кое може да се возите (видео)

Сите знаеме колку е напорно чекањето на аеродром или железничка станица. А, влечкањето на багажот од едниот крај на дригот, или од перон на перон, воопшто не го олеснува процесот. Дури, тоа може да се претвори и во ноќен кошмар.

pristigna-prviot-pameten-kufer-koj-moze-da-go-vozite-video-01

Затоа е создаден “Modobag” – единствена и уникатна комбинација на куфер и скутер. Ова е првиот подвижен куфер кој дури може да го возите.

Куферот има мерки 22 cm x 35 cm x 56 cm што значи дека не мора да биде проверуван. Кога веќе ќе се спакувате само повлечете ги рачките и качете се на него.

Максималната брзина изнесува 12 километри на час и има опсег од 9 километри (за човек кој тежи 80 килограми). Modobag функционира благодарение на 150-ватниот електричен мотор.

Исто така, неговата батерија може да ги полни вашите уреди. Има 2 излези за USB, има паметни поставки кои работат со официјалната апликација на компанијата. Оваа апликација ви помага да го лоцирате куферот со помош на GPS. Исто така, може да наместите известувања за далечина во случај на заборавање на торбата или да сте премногу далеку од неа.

Патувањата отсега па натака ќе бидат многу полесни.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Креативни велигденски декорации кои се прават од пластични шишиња (за малку пари) Ако сте подготвени да ги користите своите вешти раце, тогаш инспирирајте се...
Лулашки за деца во инвалидска количка и уште 14 кул изуми за најмалите (некои ги имаме во Македонија... Клацкалка за деца со различна тежина (со тегови, кои може да се префрлат на стра...
Идеја од креативна Македонка – како да направите сами држач за велигденски јајца? Креативна Македонка која живее во Холандија со видео постапка покажува како со д...
Брзи првоаприлски маски за деца - може да ги направите во последен миг Направете гроздови од балони, брзо венче за еднорог, или јаготка од хартија... К...
„Ги најдов цртежите со фустани на баба ми од 1940-тите и сошив такви креации – магични се“ Девојка од САД изгледа како Пепелашка откако ги сошила романтичните креации кои ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg