Пред своето време: 5 воскреснати ретро дизајни од Данска кои се повторно во мода

Неодамна во Копенхаген се одржа манифестацијата „3 дена дизајн“ каде што многу брендови за производство на мебел најавија „нови“ реизданија на старите дански дизајни на мебел.

Retro-dizajni-od-Danska-koi-se-povtorno-vo-moda-01.jpg

„3 дена дизајн“ е манифестација којашто се одржува секоја година, а оваа година над 100 изложувачи го претставија данскиот дизајн во изложбени салони, галерии, студија и амбасади низ целиот град.

Со појавата на големиот интерес за реставрирање стари парчиња мебел, многу дански компании ги отворија старите архиви на своите фабрики за мебел и решија да оживеат дел од тогашните икони на дизајнот.

Дизајнот на мебел од средината на минатиот век е направен за мали домови, па така со растот на популацијата и цената на квадратот кај недвижностите, овој вид на дизајн повторно си го наоѓа местото во домовите.

Во некои случаи компаниите дури забележале дека тогашните дизајнери биле толку многу пред своето време, што дури денес со развојот на модерната технологија е возможно да се произведуваат тие парчиња во поголем број.

Галериите беа преполни со карактеристичен скандинавски дизајн, а во продолжение ќе ви одбереме 5 најдобри парчиња дизајн од средината на минатиот век, коишто повторно ќе бидат пуштени во продажба.

Spanish Dining Chair by Børge Mogensen, 1964

Fredericia

Основачот на брендот ја добил својата инспирација за ова столче за во трпезарија од широките потпирачи за раце на столчињата коишто ги нашол додека патувал низ јужна Шпанија. Единствена промена во денешниот дизајн е што висината на седиштето е приспособена на денешните стандарди.

Retro-dizajni-od-Danska-koi-se-povtorno-vo-moda (3).jpg

Snake Collection by Poul Henningsen, 1932

PH Furniture

Направени од една змијулеста линија хромирана челична цевка, со седишта од дрво и кожа, овие се меѓу шеснаесетте парчиња мебел репродуцирани од оригиналните цртежи на Хенингсен коишто тогаш било речиси невозможно масовно да се произведуваат.

Retro-dizajni-od-Danska-koi-se-povtorno-vo-moda (2).jpg

PV Lounge Chair by Poul Volther, 1952

Klassik

Оваа фотелја изработена од едно парче кожа распнато на масивна дрвена рамка, било лично столче на дизајнерот во коешто сакал да седи додека се одмора после долгиот работен ден. Оригинално биле изработени само 3 вакви столчиња од кои едно било испратено на Кралот Фредерик IX од Данска.

Retro-dizajni-od-Danska-koi-se-povtorno-vo-moda (1).jpg

Crossplex Table Lamp by Bodil Kjær, 1961

Republic of Fritz Hansen

Данскиот дизајнер Бодил Кјаер во моментот доживува ренесанса со оглед на тоа дека неколку брендови ја враќаат неговата работа во нивните сегашни колекции.

Retro-dizajni-od-Danska-koi-se-povtorno-vo-moda (5).jpg

J52B Armchair by Børge Mogensen, 1952

FDB Møbler

Ова е дизајн на Борге Могенсен за фирмата ФДБ Моблер е базиран на традиционалната Виндзор столица и не се произведува уште од 1980 година кога фирмата се затворила.

Retro-dizajni-od-Danska-koi-se-povtorno-vo-moda (4).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Идеи за заеднички тетоважи со најдобрите пријателки Пеперутките симболизираат трансформација, па ако се познавате подолго време и ст...
Македонка со најубаво украсен велигденски дом покажува како да направите сами декорација за маса од ... Македонката Бети која живее во Швајцарија, споделува 2 начини на украсување на т...
Креативни велигденски декорации кои се прават од пластични шишиња (за малку пари) Ако сте подготвени да ги користите своите вешти раце, тогаш инспирирајте се...
Идеја од креативна Македонка – како да направите сами држач за велигденски јајца? Креативна Македонка која живее во Холандија со видео постапка покажува како со д...
Брзи првоаприлски маски за деца - може да ги направите во последен миг Направете гроздови од балони, брзо венче за еднорог, или јаготка од хартија... К...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg