Како изгледа хотелот чиј сопственик го градел сам 36 години? (фото)

Ако почнавте да правите листа со места што сакате да ги видите откако ќе заврши пандемијата, хотелот Casapueblo сигурно заслужува да се најде на неа.

casapubelo-rachno-napraveniot-hotel-chija-izgradba-traela-36-godini-foto-01.jpg

Овој хотел, кој делумно е и скулптура, се наоѓа во Пунта дел Есте во Уругвај и бил дизајниран од артистот Карлос Паез Вијаро. Интересното е што уметникот сам го градел хотелот, цели 36 години, а одвреме-навреме добивал помош од локалните рибари.

casapubelo-rachno-napraveniot-hotel-chija-izgradba-traela-36-godini-foto-10.jpg

Хотелот е огромен и има 13 нивоа со тераси, а сите соби се украсени со симболи исцртани од Карлос. Покрај собите, објектот располага и со ресторан, спа-центар и музеј.

casapubelo-rachno-napraveniot-hotel-chija-izgradba-traela-36-godini-foto-02.jpg

casapubelo-rachno-napraveniot-hotel-chija-izgradba-traela-36-godini-foto-03.jpg

Уметникот бил страстен патувач, а земјиштето на хотелот го купил во 1958-ма година, со помош од инвеститори и пријатели.

Најпрво, тој изградил мало складиште за градежните материјали, а со текот на времето ја проширувал градбата, додавајќи нови простории.

casapubelo-rachno-napraveniot-hotel-chija-izgradba-traela-36-godini-foto-04.jpg

Според сајтот на хотелот, Карлос ја прекрил првата градба со цемент, ја моделирал со неговите раце, а на ѕидовите ги сместувал предметите што ги собирал од неговите патувања. Постепено, на местото се појавувале тунели, ходници и тераси, и на имотот никнало цело здание.

casapubelo-rachno-napraveniot-hotel-chija-izgradba-traela-36-godini-foto-05.jpg

Уметникот ја сметал градбата за огромна скулптура преку која посетителите можат да го откријат неговото дело. Тој велел дека хотелот бил нахранет од енергијата на илјадниците посетители кои поминале низ него и доживеале незаборавни моменти.

casapubelo-rachno-napraveniot-hotel-chija-izgradba-traela-36-godini-foto-06.jpg

casapubelo-rachno-napraveniot-hotel-chija-izgradba-traela-36-godini-foto-07.jpg

casapubelo-rachno-napraveniot-hotel-chija-izgradba-traela-36-godini-foto-08.jpg

Во нормални услови, хотелот е отворен секој ден од 10 часот наутро, до зајдисонце. Интересно е што тогаш се одржува и церемонија во чест на уметникот, на која се пушта снимка од Карлос кој чита негова поема посветена на сонцето.

Уметникот живеел во хотелот до неговата смрт во 2014-та.

casapubelo-rachno-napraveniot-hotel-chija-izgradba-traela-36-godini-foto-09.jpg

Доколку сте заинтересирани за посета, хотелот има 72 соби со разни големини кои гледаат кон Атлантскиот Океан.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Македонка со најубаво украсен велигденски дом покажува како да направите сами декорација за маса од ... Македонката Бети која живее во Швајцарија, споделува 2 начини на украсување на т...
Идеја од креативна Македонка – како да направите сами држач за велигденски јајца? Креативна Македонка која живее во Холандија со видео постапка покажува како со д...
Идеи за заеднички тетоважи со најдобрите пријателки Пеперутките симболизираат трансформација, па ако се познавате подолго време и ст...
Брзи првоаприлски маски за деца - може да ги направите во последен миг Направете гроздови од балони, брзо венче за еднорог, или јаготка од хартија... К...
Креативни велигденски декорации кои се прават од пластични шишиња (за малку пари) Ако сте подготвени да ги користите своите вешти раце, тогаш инспирирајте се...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg