Совршена за изолација – како изгледа подземна куќа од 2 милиони долари? (фото)

Ако сакате вистински да се изолирате од светот и при рака имате 2 милиони долари, тогаш сигурно ќе ви се допадне оваа куќа.

sovrshena-za-izolacija-kako-izgleda-podzemna-kukja-od-2-milioni-dolari-foto-01.jpg

Една куќа во Бафало, Тексас, стана интернет сензација, и тоа со причина – куќата има 3 спални, 2 бањи и 3 екстра соби, на површина од 280 метри квадратни. Она што ја прави куќата посебна е тоа што таа е целосно под земја.

Моментално куќата се продава, па ако случајно имате 2 милиони долари, може да биде и ваша.

sovrshena-za-izolacija-kako-izgleda-podzemna-kukja-od-2-milioni-dolari-foto-02.jpg

Иако во куќата нема природна светлина, целиот ентериер е украсен со мурали со живи бои, па нема ни да забележите дека се наоѓате под земја.

Над земјата се наоѓа само гаражата, а влезот до внатрешноста на куќата е направен да изгледа како тунел од камени цигли. Штом ќе влезете внатре, пак, веднаш ќе ги забележите живите и весели бои.

sovrshena-za-izolacija-kako-izgleda-podzemna-kukja-od-2-milioni-dolari-foto-03.jpg

Секоја соба од куќата си има своја тема и е украсена на различен начин, па внатре има „тропска“ соба, соба посветена на уметноста, но и соба со посуптилни декорации.

Куќата е и самоодржлива, па можете слободно да се вселите и да не ја напуштите до крајот на пандемијата. Водоводот е поврзан со бунар кој се наоѓа на имотот, куќата има своја канализација, па дури и генератор кој обезбедува струја за 2 недели.

sovrshena-za-izolacija-kako-izgleda-podzemna-kukja-od-2-milioni-dolari-foto-04.jpg

Сопственикот што ја градел куќата ги зел предвид и приватноста, и безбедноста, па оваа куќа може да ве заштити и од бурите и торнадата што се честа појава во оваа област.

„Изградена е во рид. Ископале дупка во ридот, ја направиле структурата, ја изградиле куќата, па ја закопале“, објаснува агентот за недвижнини кој се обидува да најде нови сопственици за овој необичен дом.

sovrshena-za-izolacija-kako-izgleda-podzemna-kukja-od-2-milioni-dolari-foto-05.jpg

Дури и ако имате клаустофобија, можете да престојувате во ова куќа – нејзините тавани се високи и по 8 метри.

Дали би живееле во ваква куќа?

Извор

Би можело да ве интересира:

Идеи за заеднички тетоважи со најдобрите пријателки Пеперутките симболизираат трансформација, па ако се познавате подолго време и ст...
Идеја од креативна Македонка – како да направите сами држач за велигденски јајца? Креативна Македонка која живее во Холандија со видео постапка покажува како со д...
Македонка со најубаво украсен велигденски дом покажува како да направите сами декорација за маса од ... Македонката Бети која живее во Швајцарија, споделува 2 начини на украсување на т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg