„Во светот на бајките“, „Народни приказни“, „Салон Хармони“: Македонски серии и филмови кои ќе ве вратат во едни поубави времиња

Секако, не смеат да се заборават и лудиот Двојче и паметната Туфи и нивната „Здраво генијалци“. Интересна, забавна, а сепак поучна емисија за малите детски умови, која го држеше нашето внимание пред ТВ-екраните.

А во 19 часот секој ден, Даре нè чекаше на МТВ да ни раскаже да неговите училишни маки. Марија, Кристијан и Филип во улога на Даре и неговите родители секојдневно мамеа насмевки и кај малите и кај старите гледачи.

Даре сонуваше да е познат кошаркар, а мајка му, само сакаше на раат да си го испие кафето. И секако дека се сеќаваме, дека секоја втора реченица на шармантниот Даре почнуваше со „Ама мамо…“ и потоа следеше некој од неговите многу бисери. „Умни глави“ е уште една македонска емисија која беше вистински хит кон крајот на '90-тите.

Но, најпозната, ако не и најомилена, ни беше зградата која зборува - Кармен од „Наше маало“. Го обожававме Мали, а скоро секое девојче потајно беше заљубено во Бени. Диме секогаш нè потсетуваше дека е важно да читаме, а Атиџе и Џелјан ни беа пример за еднаквост и праведност.

Целата емисија беше во духот на другарството, прифаќање на различностите и невината игра на децата, без разлика на националноста.

Нивните авантури, трикови и лудории и сите волшебноста на Кармен беа задолжителни за гледање и не смеевме да пропуштиме ниту една епизода.

Но, детската емисија која го одбележа моето, а и детството на моите врсници, но и на генерациите пред и по нас, е „Бушава азбука“.

Не само што ја научивме азбуката со најзаразната песничка, туку научивме да пишуваме и читаме, граматика, учевме за македонската култура и историја. Серијата има вкупно 31 епизода, по една за секоја буква од азбуката, а секоја епизода трае половина час, а е снимена во 1985 година.

Оваа легендарна серија се смета за најуспешниот ТВ-производ на МТВ.

Македонската архива е полна со многу детски филмови и серии, а вреди да се споменат „Белото циганче“, работена според книгата која ја напиша Видое Подгорец, а улогата на Таруно (белото циганче) на телевизиското платно ја овековечи Рубенс Муратовски.

Но тука се и сериите „Големи и мали“, „Втората смена“, веселата „Девојките на Марко“. Незаборавен ќе остане и Игор Џамбазов со неговата улога на Трајче дрварчето во „Волшебното самарче“. Посебни емоции во мене буди и „Опстанок“.

Продолжува на следната страница...


Би можело да ве интересира:

Морничави македонски селски приказни што ни ги раскажуваа бабите и дедовците Неодамна бев во семејната викендичка со моето семејство, па во приквечерните час...
Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Преку глава ми е Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Стани прва, собери ако некој нешто остав...
„На моите деца не им треба идеална и совршена мајка, туку родител што ги сака“ „Не сум таква мајка каква што сакав да бидам. Не си легнувам рано за да можам да...
„Ако те чеша лева рака ќе земеш пари“ и уште 11 народни верувања кои ни ги пренесоа бабите Кога икате - некој ве озборува, а ако ве чеша окото - ќе видите некого... Кои се...
„Децата не помнат кој го донел најскапото пакетче и дали украсите се нови – На што се сеќаваат?“ Знаете ли што нема да помнат децата кога ќе пораснат? Кој го донел најскапиот по...
За сите кои растеа со „Златно славејче“ и „Дајте музика“, ги пееја „Никола, Никола“ и „Сакам кола уб... Во мое време, пред околу 30 години, детските песни беа невини и искрени, се пееш...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg