„Во светот на бајките“, „Народни приказни“, „Салон Хармони“: Македонски серии и филмови кои ќе ве вратат во едни поубави времиња

Детската програма навистина беше богата, разновидна и поучна. Но имаше серии и за постарите генерации кои сè уште ги паметиме.

„Салон Хармони“ и „Погрешно време“ одлично го пресликуваат секојдневниот македонски живот на малите екрани, а во главните улоги беа одлични македонски актери.

За дневната доза хумор беше задолжено, најпознатото македонско трио „К-15“ - незаменливите Миле Паника, Тошо Малерот и Цацко Конопишки и нивниот добро познат хумористично-сатиричен стил.

Првата епизода се емитуваше во 1994 година, а народот ги прифати со отворени раце и широки насмевки. Сè до 2013 година тие нè забавуваа не само со нивните скечеви, туку и познатите музички хитови од „Дуо Трио“.

Покрај К-15, за смеата на македонскиот народ се грижеше и „Ку-Манија“. И тие правеа скечеви инспирирани од македонското секојдневие, а беа смешни и поради нивниот кумановски дијалект.

Покрај многуте серии, Македонија може се пофали и со извонредни мајсторски филмови.

Првите филмови на кои се сеќавам се „Солунските атентатори“ и Македонска крвава свадба“, еден од најтажните македонски филмови.

Филмот, пак, кој е гордост за многу Македонци, е „Исправи се Делфина“, посветен на охридскиот делфин Атина Бојаџи. Животната приказна за младата пливачка која херојски го преплива каналот Ламанш е снимена во 1977 година, а главната улога ја имаше Неда Арнериќ.

Но, кога се зборува за македонски филм, мора да се спомене и Милчо Маневски и неговите култни дела „Пред дождот“, „Прашина“ и „Сенки“.

„Тетовирање“, „До балчак“ и „Џипси Меџик“ на режисерот Стале Попов се едни од попознатите македонски филмови, кои даваат одличен и реален осврт на важни социјални прашања од македонскиот живот.

Тука е и „Бал-кан-кан“, филм за животот на македонски бегалец кој патува низ Балканот за да ја пронајде својата почината свекрва чие тело е завиткано во тепих. Дарко Митревски е режисер и сценарист на филмот, а Владо Јовановски како Трендафил, Ѕвездана Ангеловска како Ружа и Тони Михајловски како Џанго ги играат главните улоги.

Секако, има уште многу, ама овие се филмови кои останаа во моето сеќавање како убав спомен од моите детски и тинејџерски денови.

Македонскиот тежок живот, легендите за војводите и ајдуците, печалбарството, потрагата по подобар живот и социјалните случување секогаш биле инспирација за многу македонски филмови, кои често прикажуваат вистински приказни на ТВ-екраните.

Денес дел од серии и филмови се репризираат, па во нив може да уживаат и помладите, но и повозрасните да ги гледаат со носталгија.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови  и фотографии е казниво со закон.

И. Ј.| Црнобело



Би можело да ве интересира:

Морничави македонски селски приказни што ни ги раскажуваа бабите и дедовците Неодамна бев во семејната викендичка со моето семејство, па во приквечерните час...
Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Преку глава ми е Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Стани прва, собери ако некој нешто остав...
„На моите деца не им треба идеална и совршена мајка, туку родител што ги сака“ „Не сум таква мајка каква што сакав да бидам. Не си легнувам рано за да можам да...
„Ако те чеша лева рака ќе земеш пари“ и уште 11 народни верувања кои ни ги пренесоа бабите Кога икате - некој ве озборува, а ако ве чеша окото - ќе видите некого... Кои се...
„Децата не помнат кој го донел најскапото пакетче и дали украсите се нови – На што се сеќаваат?“ Знаете ли што нема да помнат децата кога ќе пораснат? Кој го донел најскапиот по...
За сите кои растеа со „Златно славејче“ и „Дајте музика“, ги пееја „Никола, Никола“ и „Сакам кола уб... Во мое време, пред околу 30 години, детските песни беа невини и искрени, се пееш...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg